На своите профили на социјалните мрежи Пол сподели цртеж од интересен лик на шимпанза кој слуша музика. Цртежот му се допаднал на син му Ејден.
„Пол секогаш беше уметник на терен. Многу ѕвезди како Зинедин Зидан и Чави зборуваа дека он е најдобар играч на свет. Но сликава покажува и голем уметнички талент“, вели негов пријател за The Sun.
Конкретно сликата со шимпанза е по броеви. Се бојат полиња со однапред одредени, нумерирани делови. Бројот ја одредува бојата со која треба да се бои некое поле. А слушалките на сликата не се случајни. 16-годишниот син на Сколс, Ејден носи гласно-изолациони слушалки кои му помагаат полесно да се справи со болеста. Тие го ограничуваат звучното опкружување за да го заштитат од стрес.
Легендата на Јунајтед има три деца. За Ејден (16) пишувал подробно во својата автобиографија.
„Ејден пати од аутизам и има сериозно проблеми со обуката, затоа не може да се занимава со повеќе спортови иако многу му се допаѓа пливање. Во базен си го наоѓа мирот и прекрасно е што има нешто во што ужива.
Некои деца со аутизам се плашат од вода, но Ејдин спортивно, ако може би пливал секоја минута, а на одмор дури и сме го хранеле во базен“.
Се надеваме дека неговата состојба ќе се подобри, но не остануваме само на тоа, туку правиме се што е можно да има среќен живот. Има многу луѓе кои сакаат да му помогнат. Например логопеди и терапевти.
Ејден живее во својот сопствен мал свет и го теши тоа што е задоволен со тоа. Сака кога го скокоткаат. Брат му и сестра му знаат како да го расположат и да го снимаат со камера. За мене тоа покажува колку силно се сакаат еден со друг и нема подобро од тоа да видите како вашите деца се сакаат. Арон и Алисија се многу добри со Ејден. Не е лесно да имаш брат во таква ситуација, но тие сјајно се справуваат со тоа“.