Атеист.
Терминот означува отсуство на човечки концепт за Господ. Може да има две форми: позитивниот атеизам тврди дека Господ не постои. Негативниот атеизам само означува немање верба во такво нешто. Некој може да биде позитивен атеист во врска со христијанскиот Господ а негативен атеист во врска со постоењето Господ воопшто. Посветените верници во САД терминот атеист го користат во навредлив контекст, нешто што означува недостаток на морална суштина.
Анти- теист.
Секое "анти' означува активен однос кон темата. "Религијата е штетна' е главното гесло на анти- теистите кои во дебати на тема религија често ги потегнуваат злосторствата сторени во име на некоја религија.
Агностик.
Некои атеисти сметаат дека терминот агностик е дипломатски израз на оние на кои им недостасува концептот на Бога но не сакаат да навредат некого во околината. Силниот агностицизам смета дека постоењето на Бог е нешто што никогаш и на ниеден човек не му е дофатливо. Слабиот агностицизам поскромно тврди "не знам дали Бог постои". Можно е да се биде и атеист и агностик. Филип Пулман вака ја објаснува таа позиција:
"Во строга смисла, би требало да сум агностик бидејќи она што го знам е многу помало од она што не го знам и навистина не можам да знам дали во цела таа темнина некаде постои Бог. Но, од она што го знам за светот, не гледам доказ дека Бог постои и сите што тврдат дека знаат, го користат тоа само за да имаат моќ над другите луѓе. Во историска смисла, Европа тоа го виде низ насилства, протерувања, убиства и масакри од индустриски размери".
Скептик.
Традиционално, скептици се луѓе кои се сомневаат во целисходноста на религиските догми. Агностицизмот се дефинира во конкретен однос кон Бога но скептицизмот е поширок животен став. Пен и Телер се класични скептици, посветувајќи го животот на разобличување псевдонаучни ставови, алтернативни медицини, астрологии и слично.
Слободен мислител.
Термин кој потекнува од крајот на 17-от век, за да ги означи оние кои се спротивставуваат на црквата и ригидното држење до Библијата. Волтер и Џон Лок, меѓу другите. Во последно време, терминот добива на популарност бидејќи е афирмативен. За разлика од атеизмот кој себе може да се дефинира само во контраст со религијата, слободното мислење е проактивен процес кој автономно решава што е важен и реален проблем.
Хуманист.
Атеистите и анти-теистите се фокусираат на отсуство на вербата во Бога; агностиците, скептиците и слободните мислители се концентрираат на знаењето и како се доаѓа до него а хуманистите се посветуваат на етичките вредности. Станува збор за цел сет хумани вредности кои немаат корен во некоја верска објава туку во човечкото искуство. Не бегаат од концепти на духовност но не им придаваат религиозна конотација.
Пантеист.
Го гледаат човека како мал дел од еден далеку поголем систем со сопствена свест. Го негираат постоењето на персонализиран Бог и во целата природа и космосот гледаат олицетворение на божјото постоење. Еден од најчесто цитираните автори од страна на пантеистите е Карл Саган.
Друго.
Деистите не веруваат во чуда но сметаат дека божјата присутност може да се открие преку разумот и науката. Натуралистите сметаат дека вон природата не постои ништо друго, секуларистите држат до одвоеноста на човечките и божјите закони и регули.
А пастафаријанците му се поклонуваат ла Летечкиот Шпагети Монструм.