Звучи како виц, но ова е реално општествено движење, со реални барања и принципи. Режисер ги следел три години за да сними документарец кој ја покажува борбата на членовите да ги добијат истите привилегии како и припадниците на другите, официјални религии.
Гледано од научна перспектива, без да се задира во другата страна, атеизмот е декларација, која нема никаква врска со научниот метод, барем така тврди теоретскиот физичар од Дартмут колеџот, Марсело Глејзер, кој 35 години е во оваа професија.
Во расправа околу атеизмот и религијата Колбер го начекува Џервејс со: твоето потпирање на науката е само твоја верба во способноста на научниците. По ова следува една од најблескавите реплики во одбрана на атеизмот: науката постојано се докажува, земи запали ги сите книги за наука и за 1.000 години пак ќе дојдеш до истите факти. Но овој дел од изјавата на Џервејс е спорен, барем за луѓето што ја следат науката.
Еволутивниот биолог Докинс, заедно со непрежалениот ни Хиченс, се имињата кои први ни паѓаат на памет кога станува збор за кршење копја помеѓу современите атеисти и верниците. Вториов со време се спаси, и замина на оној свет бескомпромисно предаден на неговата невера. Вториов уште ќе го крка.
Човекот што едно телевизиско шоу го заврши со "Фала му на Господ што ме направи атеист," одговара на најчесто поставуваните прашања што ги добива како атеист. Една од главните пораки му е до верските екстремисти: - Бог е семоќен, не му треба твојата помош!
Атеизмот како феномен некако го поврзуваме со христијанството и генерално со монотеизмот, како претходно да немало луѓе што не верувале во натприродни сили, Бог или богови. Една нова книга се однесува токму на тие предхристијански атеисти.
Оние што живеат во и со Бога, јасно им е на која група припаѓаат. На оние кои го немале или попат го изгубиле, им останува да се пронајдат во некоја од следниве позиции.