Во 2007-ма, 46 годишниот Бери Хезл е осуден заради поседување амфетамини. Како услов за поблага казна упатен е на рехабилитациски програм во кој учесниците морале да ја признаат "вишата воља".
Се побунил но му рекле дека таа програма е единствената во тој реон. Веројатно на часовите гунѓал, предавачите оцениле дека е пасив-агресив и дека ги деконцентрира останатите па го вратиле во затвор на три месеци.
Тужел уште следната година но во првата инстанца не добил ништо па отишол на апелација.
"Многу ми е драго што случајов вака заврши бидејќи тоа е сигнал за сите службеници за помилување дека не смеат никому да наметнуваат верски програми," изјави Хезл.
Апелацијата објаснила дека на Хезл му е ускратено битно човеково право, верската слобода, што истовремено подразбира и слобода за немање верско убедување.