60-годшниот Глејзер е годинешниот добитник на наградата Темплтон. Во интервјуто за Саентифик Американ, тој објаснува дека неговата „верба во скромноста“ е причината зошто ја има добиено наградата.
„Верувам дека треба да имаме скромен пристап кон знаењето, во смисла дека ако внимателно гледаш како функционира науката, ќе видиш дека таа е извонредна - величествена! - меѓутоа има свои граници. И мораш да ги разбереш и почитуваш тие граници. А правејќи го тоа, разбирајќи како науката напредува, таа навистина станува длабоко духовен разговор со мистериозното, за сите работи што не ги знаеме. Тоа е еден одговор на вашето прашање. И тоа, очигледно, нема никаква врска со организирана религија, меѓутоа ја формира мојата позиција против атеизмот. Јас себе си се сметам за агностик,“ одговара Глејзер.
Без многу кружење околу темата од Саентифик Американ директно го прашуваат „Зошто си против атеизмот?“, на што Глејзер го дава и одговорот од насловот.
„Искрено мислам дека атеизмот не е конзистентен со научниот метод. Што сакам да кажам со тоа, што е атеизам? Тоа е изјава, категорична изјава која изразува верување во неверувањето. ’Јас не верувам иако немам докази ни за, ни против, едноставно не верувам.’ Точка. Ова е декларација. Меѓутоа во науката ние не работиме со декларации. Кажуваме, ’ок, можеш да имаш хипотеза, но мора да имаш некои докази за и против тоа.’
На ова агностик би кажал, немам докази за Господ или за кој било Бог (Прво и прво, што е Бог? Дали маори Бог, или еврејски Бог или христијански или муслимански Бог? За кој Бог зборуваме?). Меѓутоа од друга страна, агностик исто така би признал дека нема право да донесе крајна одлука околу нешто за кое тој или таа нема знаење.
’Непостоењето докази не е доказ за непостоење’ и такви работи. Ова мене ме поставува спроти сите овие ’нови атеисти’ - иако сакам мојата порака да ги почитува верувањата и размислувањето на другите луѓе, кое може да се базира на заедница, достоинство, и т.н,“ објаснува Глејзер.