"Тоа е судбината од која Катица Јанева нема да може да се спаси: таа е осудена на слава и успех во мочуриштето на македонскиот правосуден систем. Ги гледам пропагандните и политичките џукели на режимот на Груевски, полни со омраза и со раскезени вилици, како се обидуваат да ја распарчат, жива да ја изедат; а таа, осамена против сите, со својата раскошна насмевка и со совршената гевгелиска појава, како некаква Глорија од ангелските песни за раѓањето на Исус, „плови“ над морето од запенет бес на криминалната банда што владее со Македонија."
Сашо Орданоски, виа ОКНО