Поранешниот репрезентативец на Англија и два пати пензиониран член на Манчестер Јунајтед, стана тренер на Стелибриџ Селтик, клубот кој се натпреварува во англиската северна конференција (шеста по ранг лига во оваа земја).
Сколс го помага овој клуб откако неговиот син стана член на младинскиот тим, а во минатото има и играно за тимот на пријателски натпревар од хуманитарен карактер.
Откако неодамна Стелибриџ го отпушти тренерот, Сколс решил да им помогне и да го преземе кормилото. Единствениот услов бил неговата работа да се крие во тајност.
Фудбалерите биле превозбудени што работат со легендата на Манчестер Јунајтед, но успеале цела недела да ја сокријат тајната пред за неговиот ангажман викендов да дознаат медиумите.
Пол Сколс ќе го води клубот додека тие не најдат постојан тренер, а во моментов тој е ангажиран во Манчестер Јунајтед како тренер на тимот за играчи до 19 години.