Таг: тренер

Српски тренер дели совети во Саудиска Арабија на свој англиски јазик

Tренерот се вика Бошко Јоловиќ и работи во Саудиска Арабија. Од дополнително инфо и немаме потреба, туку бараме да пуштат втор, па и трет дел. Старо, ама многу добро видео. И Џордан им го спомнува.

Најчудните методи за мотивација од тренер во Америка

Шон Елиот е тренер на тимот по американски фудбал Џорџа Стејт Пантерс. Има тотално луди методи на работа и спартански принципи на мотивација на своите играчи. Ама слабо ја почнаа сезоната со 2 порази на 2 меча. Којзнае можеби ова проработи еден ден.

Детето од угледна московска фамилија кое го скроти големиот Ѓоковиќ и освои прв Гренд Слем

За разлика од ексцентричните полетни ама зелени тенисери кои тешко го изодуваат патот до професионализмот, Данил Медведев се изборил со сите предизвици и стигна до најголемиот пехар во неговата кариера.

Жељко кити хармоника со пари, тренерот на Барселона се чуди

Најтрофејниот кошаркарски тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ на едно излегување со неговиот добар пријател Шарунас Јасикевичиус кој е тренер на Барселона , остава еден куп пари на песната „Црне косе“ од Ханка Палдум.

Во Бразил воведена забрана да се отпушти повеќе од 1 тренер во сезона

И официјално во бразилската елитна Серија А воведоа ново правило - од сезоната 2021/2022 клубовите ќе можат само еднаш да менуваат тренер во една сезона. На гласањето за оваа промена 11 клуба биле за, 9 биле против.

Абе не те апсат, температура ти мерат

Хит видео ни доаѓа од Бразил. Фудбалски тренер се испотресе и ги крена рацете, како пиштол да му впери некој, а тоа е само редовна контрола за Ковид 19.

Турскиот тренер кој ги шамара играчите

Дали ова го смета за мотивациски говор или само ги мачи поради тоа што лошо изиграле во прво полувреме, не навлагаме. Човеков е за на психијатрија.

Мурињо заплака од што му фали фудбалот

Имаше Жозе летово неколку примамливи понуди да преземе екипа (Њукасл и пар други англиски плус богата понуда од Кина), но арогантно изјави дека реномето не му дозволува да се бори за вториот дел од табелата. Ама на крај го стигна мака што не тренира никого во моментов.

Како почнал со фудбал чудесниот Френки од Ајакс кој потпиша со Барселона

Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.

Приказната за новиот-привремен тренер на Реал Мадрид

Многумина го паметиме како фантастичен техничар и брзо лево крило кое се прослави на „Сантијаго Бернабеу“ а и како човек кој ја почна акцијата за феноменалниот гол на Зидан со Леверкузен во Лига на шампиони.

Заврши трофејниот пат по кој Зидан изоде со Реал Мадрид

Од нигде никаде во сончевиот Мадрид претпладнево загрме а громот одекна во цел свет.

Арсен заминува од Арсенал

Преку официјално соопштение на клупската страна, легендарниот француски тренер објави дека по завршувањето на сезонава си оди од својот дом кој го водеше 22 години!

И тренерите станаа симулатори

Што време дојде во фудбалот, да и оние кои треба да им даваат ум на играчите почнаа да симулираат фаули. Генијална идеја ти е ова, немај гајле никој нема да примети, фудбалот не се снима со камери, плус никој не користи интернет во денешно време. Инаку црепот е од Уругвај.

Нека му ја мислат играчите на Милан

Монтела доби отказ, а на негово место тренер на Милан стана вечниот борец Џенаро Гатузо кој во една прилика изјави: „Во болница ќе одам само кога ќе ми ја исечат главата, за конци сам ќе се снајдам“. Ако Винченцо беше толерантен и фин, ништо чудно Рино да дели шамари ако не играат како треба.

Што смеат играчите кај Гвардиола а што не

Гласниот заговорник на независна Каталонија важи за најдобар тренер на денешницата. Неговиот Манчестер Сити игра нереална сезона и дава по 6-7 голови по натпревар. За тоа е најзаслужен токму Пеп кој има свои принципи на работа од кои не отстапува.

„Бев најмал во школо и на терен, секој ден ми ставаа инјекции“

„Во еден момент сфатив дека детево како да е од некоја друга планета од која доаѓаат исклучителни луѓе: доктори, професори, врвни музичари, сликари...“, вели човекот кој е најзаслужен што Барса прифатила да го прими на проба.

Најјаката прес конференција на Мурињо

Додека играчите на Јунајтед ги отпоздравувале навивачите во последниот домашен меч сезонава, Мурињо отишол во прес-салата каде имало неколку новинари.

Каква ќе биде иднината на Лестер без Раниери

Франк де Бур, Алан Пардју, Гус Хидинк, Гери Роует, Аврам Грант, Најџел Персон или Роберто Манчини? Кој и да дојде ќе има задача да обезбеди опстанок во најдоброто друштво.

Младиот другар на Мурињо кој го спасува најлошиот Премиерлигаш

Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.

Генијална идеја за сите тренери чии фудбалери се дрва

Тренер од Норвешка разочаран од својот состав отиде малку подалеку со идеите за тоа како да ги оправи работите во неговиот состав кој според описот делуваат очајно, а ние знаете одма на кого помислуваме во овој контекст.

Мурињо и Ван Гал какви што не ги паметиме

Португалскиот тренер денес би требало да го официјализира договорот со Манчестер Јунајтед и да го замени стариот пријател Луј Ван Гал со кого порано работеа заедно.

Штраус од Грбавица незаборавен во Австрија

Едно од најголемите фудбалски имиња на овие простори, во кариерата играше за Жељезничар, Цволе, Стразбур, Седан и Валенсиен а беше тренер на Жељо, Партизан, Панатинаикос, селектор на Југославија и Јапонија. Најголем успех оствари во Австрија каде му приредија голем дочек.

Колку може да ти се најде тренерот

Гимнастичаркава има само 11 години, неискуство и желба да научи повеќе во овој ризичен спорт, каде добро е што се наоѓа некој кој ќе те пази како татко.

Роберт Де Ниро е нов тренер на Челси

И покрај најавите дека Антонио Конте го презел актуелниот шампион во Премиер лигата, сепак од Островот стигна друга информација. Де Ниро е нов шеф на стручниот штаб на Сините.