Принципите на Пеп

Што смеат играчите кај Гвардиола а што не

Гласниот заговорник на независна Каталонија важи за најдобар тренер на денешницата. Неговиот Манчестер Сити игра нереална сезона и дава по 6-7 голови по натпревар. За тоа е најзаслужен токму Пеп кој има свои принципи на работа од кои не отстапува.

Уште до првиот тренинг Хосеп Гвардиола знаел практично сè за играчите на Манчестер Сити. Близу почетокот на сезоната 2016/2017 тој побарал од клубот детални информации за тоа кој играч како се опоравува после повреда.

Блиските луѓе на Гвардиола за англиските медиуми велат дека Пеп може да го одвлечеш од фудбалот не повеќе од 32 минути. Дали ќе ве слуша вас или некој друг, тој цело време мисли на играта.

Надвор од теренот Пеп е манијакално педантен и продолжува да инсистира: нема неважни детали.

Жестока диета и забрана за тренинг за дебелите

Еден од почетните принципи на Гвардиола откако го презел Сити била забраната за масна, брза храна и високо-калорични сокови. За тоа во првите недели раскажал Гаел Клиши. Французинот рекол: „Пред секој тренинг бевме мерени - ако не си на нормалата не можеш да тренираш со првиот тим. Ако твојата нормална тежина е 60 а ти тежиш 70, постои голем ризик од повреда и затоа не играш“, раскажувал Клиши за иновациите.

Daily Mail дознал дека по мерењето најтежок бил Самир Насри.

Пеп ги заменил првичните пица и сокови во соблекувалната со јаткасти плодови - па со него како тренер играчите по натпреварите јадат лешници и бадеми. 

Неодамна тој сам барал од персоналот во клупската база да се тргне се што е од шеќер и да има само чисто чоколадо за готвење. Притоа режимот го распространил не само на фудбалерите туку и на персоналот.

Во тоа му помага диетологот Силвија Тремоледа која што се занимавала со триатлон и тенис а потоа му разработила програма на Лионел Меси кој трпел ситни повреди. Тремоледа претпочита исхрана од риба, пилешко, ориз, макарони и салати.

Покрај тоа Пеп Гвардиола изјавил дека никогаш не јаде на денот на мечот и тоа го претпочита за крвта побрзо да му оди во мозокот и главата да му работи побистро.

ИГРАЧИТЕ НА СИТИ СÈ ПРАВАТ ЗАЕДНО. И УЧАТ АНГЛИСКИ

На денот на својот роденден, веднаш по дебаклот од Евертон 4-0 на „Гудисон Парк“ (највисок пораз на Гвардиола во Премиер), Пеп ги повел играчите во кино.

Тогаш играл хитот „Ла Ла Ленд“, љубовен филм со јунаците Ема Стоун и Рајан Гослинг кои ги гледале Рахим Стерлинг и другите ѕвезди на Сити. Гвардиола барал да дојде и повредениот Бенџамин Менди а сите повредени играчи ги терал да доаѓаат во соблекувалната за да почуствуваат енергија дека се дел од тимот.

ДРАСТИЧНА МЕРКА

Во летото 2016 најтешкиот удар бил нанесен за вај-фај - пристап на Интернет бил забранет во соблекувалните и на работно место затоа што според Пеп играчите се должни да разговараат меѓу себе а не да проверуваат лајкови на Инстаграм.

Од иста причина настојувал и тимот да руча и вечера заедно. Кевин де Брујне за тоа рекол: „Така е полесно, зошто помалку ќе готвам сам дома.“

Притоа Гвардиола барал сите да разговараат на англиски (тогаш да сме му го виделе лицето на Серхио Агуеро).  Еднаш аргентинскиот репрезентативец Николас Отаменди раскажал за аргентинско радио дека во декември ќе имаат испит по англиски на барање на Гвардиола.

Самиот Пеп не правел никогаш проблем и уште од првата прес-конференција самоуверено зборел на англиски. За тоа имало два фактори: 1) пред да се врати во фудбалот по заминувањето од Барса и потписот со Баерн, Пеп поживеал во Њујорк каде го научил добро јазикот; 2) гледал серии на Netflix.

ВАЖЕН ТИМБИЛДИНГ СО ЖЕНИТЕ

Еден од основните тим-билдинзи е што на играчите им е дозволено да поминат ноќ пред натпреварите дома со семејството, а не на клупската база како што било претходно. По зборовите на Насри, Гвардиола инсистирал тие да имаат секс исклучиво до полноќ, за останатото време подобро да се наспијат и да имаат добар сон.

Коментарот на Французинот го насмеал Пеп кој вели: „Невозможно е да играте добар фудбал ако немате секс. Никогаш не сум го забранил тоа. Тоа ги прави играчите подобри!“ Но затоа Пеп има свои луѓе кои им ѕвонат на играчите на полноќ и тој што нема да крене ќе полага сметка следниот ден.

„Ги контролирам додека се во моја околина. Не можам да им стојам пред врата, ниту да им ги прашувам жените: ’Што прават они таму’? Но во иднина може да го правам тоа“, додава Гвардиола.

Во средината на октомври, новинарите на The Sun ја откриле тајната на феноменалниот старт на Манчестер Сити - во соблекувална секогаш слушаат песни од Oasis. На пример пред мечот со Челси играчите ја слушале Don't Look Back In Anger.

На презентацијата на Пеп во позадина одела песната Morning Glory од познатиот бенд, а на првото интервју за клупската телевизија Ноел Галахер го возел Пеп Гвардиола. Каталонецот е вљубен во Coldplay, а омилена песна му е Viva La Vida.

ЕДИНСТВЕН РИТУАЛ ПРЕД МЕЧОТ

Пеп страстно сака да игра голф. „Претходно, пред да одам на стадион, секогаш им ѕвонев на жена ми и постарата ќерка. Никакви други обичаи немав. Едно време носев костуми кои жена ми ми ги бираше, но годинава се откажав од нив, така ми е поудбно.

Друго откритие кое му помага пред мечот е кога се држи под контрола:

„Го сакам голфот од многу причини. Прво нема судија. Правилата се еднакви за сите. Не е важно кој е кој. Никој не ти врши влијание, ни екипа, ни тренер, ни публика.“, заклучува најдобриот тренер на денешницата.