Јебеш каменот од Розета

Откривање на тајната на „Сол, макарон“

Милан „von Makedonien“ Мијалковиќ е наш побратим со кого ја делиме и љубота кон Шева и радостите на животната филозофија „се вреѓаме само за убаво, лажеме само кога се мора“. Архитект по образование, а оратор по убедување, Македонецот решава на својот народ да му открие една голема тајна, архивирана и кодирана во устите на скопската дечурлаана, цели 6 века.

Ја знаете ли онаа детскана песна што се пее веќе од памтивек кај нас и никој не ја разбира, ни што значи, ни од каде доаѓа, и иде вака:

Сол марикон (макарон), сол фередон

Марикон, марикон

Лео, лео

Тип, тип, тип

Лео, лео

Тин, тип, тип

One two three

Бараш ти

Ја знаете, така? Оти се еба муабетот ако не ја знаете.

Тезата е дека ова е еврејска песна од 15 век. Од сефардските Евреи што бегаат, т.е. се протерани од Пиринејскиот Полуостров... Шпанија/Португалија денешна. Бегаат и никој освен Отоманциве не ги прима. Па така и стигаат до Скопје, Битола..

Е сеа значењево што останало 6 века преку скопската копиљана е:

Soy maricon, soy Ferrando (Јас сум педер, ја сум Ферандо)

Maricon, maricon (Педер, педер)

Leon, Leon (кралството од каде што ги бркаат....види подолу )

Tip, tip, tip (капе, капе... Солзи)

Фередон е Ferrando II o Catolico (види тука), кој со Гранадскиот указ (види тука) ги протерува Евреите од неговото царство Кастиља и Леон (види тука)

Еве и превод за солзите:

Додатоци за размислување:

  • Ви текнува на онаа игра кога се редат камења, па се прави кула (ко минаре), па со топка победува оној што ќе ја сруши? Мислите џабе играта се вика „џамија“ и потекнува од турско време?
  • А и жмурки да се од овде, и тоа од Самоилово време? Јер, што друго би играле слепци?

Олабавете се, све е ок. Ако дадовме претешки задачи, тогаш решете ја следнава гатанка:

konj na rijeci,
deva na zdencu,
ja na shanku,
shta rade?
хаику на Шева

*********

РЕАКЦИЈА:

Нит макарон е педер, нит сол е лезбејка, копој вепе епебепе!

27 септември 2016 - 16:27