Еден говор кружи над Европа:

Демократскиот говор!

По Виена и Белград, овој речит и силен говор добива прилика да допре до ушите и на македонската публика за која сме сигурни дека ќе го разбере интуитивно и органски. Го добивме со помош на неговиот автор, еден скопјанец и Македонец кого странскиот печат некогаш го опишува како "архитект и екстремист". А каде е архитектурата и екстремизмот, таму е и - Скопје 2014.  

"Die demokratische Rede", одекнат во Саемот за современа уметност Parallel Vienna:

"Демократска реч", изговорена во белградскиот музеј Мацура, проследена од голема маса народ, функционери и свештени лица:

Зад оваа порака јасно и гласно стои Милан Мијалковиќ. А тој и неговата екипа стоеја зад единствениот нов објект кој сме го подбутнале со ваша помош (види ги нашите статии Скопска а светска и епилогот во Успех за скопската катна гаража.)

Ако пропуштивте некоја од поентите, слободно (и тивко) навратете се на видео снимките. Таму сè е кажано. 

Милане, секој збор злато ти вреди.


 

 

21 септември 2016 - 15:35