Ја промовиравме како "Скопска а светска" по што тргна приказната за новиот градски објект кој учествува во избор на интернационална награда.
Почнавме со 15 проценти од гласовите за на крај делото на Мијалковиќ да добие најмногу гласови од интернет јавноста.
Скопската гаража карши Макпетрол се тркаше со гласовите на оние кои повеќе им се бендисуваат предложените паркинг решенија во Мулграбен – Австрија, Остин – САД, Сиднеј – Австралија и Тајпеј – Тајван.
И победи!
Од стручното жири наградата отиде во Тајван.
Во меѓувреме ни пиша и Мијалковиќ. Човекот беше навистина и изненаден и среќен од одзивот на македонската публика.
Браво за сите.