Во Бразил воведена забрана да се отпушти повеќе од 1 тренер во сезона

И официјално во бразилската елитна Серија А воведоа ново правило - од сезоната 2021/2022 клубовите ќе можат само еднаш да менуваат тренер во една сезона. На гласањето за оваа промена 11 клуба биле за, 9 биле против.

Ова проблематично прашање во Бразил истекнува од апстрактната промена на тренери: минатата сезона 20 клуба смениле дури 58 тренери! За споредба во италијанската Серија А 33 тренери воделе 20 клубови минатата сезона со тоа што имало и в.д меѓу нив.

Минатата сезона само три од дури 20 клуба го задржале тренерот цела сезона на клупата, а сите четири тима кои испаднаа имале по најмалку четири тренери, пишува Folha de Sao Paulo.

Бразилците сега изгласале дека може да отпуштат тренер само еднаш во сезоната. Ако тренерот замине по сопствена волја, клубот тогаш ќе има право да најде негова замена. Но што ако управата не издржи и реши да го смени во иднина и вториот назначен тренер?

Во тој случај тој ќе може да се замени само со тренер кој ќе биде од тручниот штаб и кој работел најмалку 6 месеци во клубот.

При тоа секој тренер еднаш во сезона ќе може да даде оставка. Ако самоиницијативно даде оставка, тогаш аналогно нема да може да работи во повеќе од два клуба.

„Новото правило е добро и за клубовите и за тренерите. Ова ќе овозможи уште попрофесионален однос и ќе дозволи да се работи подолго и постабилно. Тоа е крај на тренерските танци во бразилскиот фудбал. На овој начин сакаме да ги заштитиме тренерите и да воведеме мир во нашиот фудбал. Вака на тренерите ќе им се овозможи во мир да си ја работат својата работа и нешто да направат со клубовите кои ги водат“, вели претседателот на Конфедерацијата на бразилскиот фудбал Рожерио Кабокло.

ОД КАДЕ ПРОИСТЕКНАЛЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА?

Конфедерацијата на бразилски фудбал сака да ги заштити тренерите и да им даде исти права како и фудбалерите - ако играч не може да менува по пет клуба во една сезона, зошто тренерот би можел?

Сезонава имало дури 26 тренерски смени и само еден клуб не го сменил тренерот сезонава. Тоа е Гремио чиј тренер Ренато Гаучо го држи своето место веќе пет години што за Бразил е права реткост. Притоа клубот заврши минатата сезона како шестопласиран.

Има и рекордери. Пример Коритиба имала дури 7 тренери во една сезона! Ботафого сменил 6 тренери. До толку ги менуваат во Бразил што на Википедија има посебно поглавје за оставка на тренери.

Четири тренери во текот на сезонава смениле клуб - Вагнер Мансини отишол од Атлетико Гојаниенсе во Коринтијанс, Едуардо Кудет од Интернасионал во шпанска Селта Виго, Рожерио Сени од Форталеза отиде во Фламенго, а Одер Гелман од Флуминенсе во Ал Васл.

Уште еден тренер дал сам оставка - Кука го напушти Сантос. Во сите други клубови управите ги отпуштале тренерите.

Двајца тренери, Едуардо Барока и Андерсон Мореира успеале да поработат во три клуба за една сезона во бразилска Серија А и уште во по еден клуб во Серија Б.

Вандерлеј Луксембурго кого го памтите како тренер на Реал на времето, заминал од Васко да Гама во декември 2019 па се вратил во декември 2020. За тоа време екипата ја воделе дури три различни тренери.