Габриел Џезус е новото чудо од бразилскиот фудбал. Роден е на 3. април 1997 година, игра за Палмеираш, но од јануари следната година ќе стане член на Манчестер Сити. Беше главен во освојувањето на Олимписките Игри со Бразил, а синоќа на дебито за сениорскиот состав даде два гола против Еквадор на гостински терен, во квалификациите за СП 2018 во Русија.