На две кола пред крајот во Бразил, Палмеирас му бега 5 бода на Гремио и му треба уште една победа за да ја осигура шампионската титула. Една лажна вест ги прелажа нивните навивачи и играчи да скокаат од радост.
По 36 одиграни кола, Палмеирас е лидер на табелата во Бразил со 74 бода. Зад нив е Фламенго со 69.
Синоќа во ист термин почнаа сите натпревари а додека Палмеирас ја преслуша Америка МГ со 4-0, Фламенго играше со Гремио во големото дерби. За тимот на Луис Фелипе Сколари да ја освои титулата било потребно Фламенго да не го победи Гремио.
На трибините на мечот Палмеирас - Америка МГ еден лик само прашува „да не израмни Гремио?“ а тој до него разбрал дека Гремио израмнил. Раскажува на тие до него, тие до него на други и цел стадион и играчи на клупата паѓаат во еуфорија. Дури и тренерот Сколари гушка еден играч и му ја честита титулата:
A comemoração do gol 'fake news' do @Gremio no @AllianzParque. Cena bastante insólita pic.twitter.com/CfXoIrz450
— Francisco De Laurentiis 🅾️+ (@f_delaurentiis) November 22, 2018
На крај кога сфатиле дека предвреме се радувале, настанало разочарување но и потсетување дека Палмеирас до крајот му гостува на Васко да Гама на 25.11 и ја пречекува Виторија во последното коло на 02.12. Победа на еден од овие два меча би значела и титула за тимот предводен од Сколари.