Без разлика што е ова Куп на Бразил за играчи до 20 години, детево по име Лука од Интернационал треба достојно да биде награден за ова ремек дело на мечот против Гремио. Вакви голови не се гледаат секоја година.
Луис Суарез бележи бомбастичен старт во дресот на Гремио. Го совладаа Бразил де Пелотас 1:0, откако уругвајскиот напаѓач им продаде финта и искуство во шеснаесетник и тоа во последната минута. Ова е негов петти гол на првите три средби одиграни за 8 дена.
Гремио го совлада Сао Пауло со 3:0, а во 95-та минута се случи контра напад кој практично заврши уште на центарот на игралиштето. Фудбалерот по име Џоната Роберт ја издува душмански и во еден момент топката ја снема од кадар.
Имаме две до сега невидени сцени во врска со ВАР компјутерот. Едната доаѓа од Бразил, а другата од Турција. Првата опасна, втората малку смешна и необична.
Даглас Коста не само што се врати во Бразил, туку и стана капитен на големиот Гремио каде ја почнал професионалната кариера. Оваа некогашна ѕвезда на Јувентус и Баерн Минхен сега е позајмен во Гремио каде постигна сензационален гол!
Вчера во Купот на Бразил, славниот Гремио со 2-0 го победи Бразилиенсе. Виана и Пјер ги дадоа головите во 44' и 49-та минута. При резултат 2-0 во 60' минута шпицот Рикардињо од Гремио ја имаше утката на векот.
Гремио се пласираше во 1/4 финале на Копа Либертадорес откако со 2-0 го совлада Гуарани од Парагвај дома и со вкупни 4-0 оди понатаму. Интересно мечот доцнеше зошто двата тима излегоа во многу идентични дресови.
Бразилецот Даниел Карваљо (37) во својата кариера играше за многу клубови во татковината, а во Европа се прослави во дресот на ЦСКА Москва каде со голем успех играше од 2003 до 2010.
Додека во Европа спортот се стиши, во Јужна Америка фудбал се игра па и топови да бијат. Еден меч од Копа Либертадорес донесе дури 8 црвени картони и масовна тепачка на терен.
Изминатиот викенд славниот бразилски клуб Крузеиро од градот Бело Хоризонте, кој беше еден од само 4 клуба кој никогаш не испаднале од првата лига, мораше да се помири со најтешките моменти во своето постоење.
Голманот на Интернасионал од Бразил, Марсело Ломба на најгрубијански можен начин му влезе на центарфорот на Гремио, Лучано. Нормално, директен црвен картон во 51’ минута и пораз на крај од 2:0.
Бразилскиот клуб Гремио со 2-0 го победи Либертад во Копа Либертадорес. А можеше да биде поинаков резултат зошто нивниот играч Жеромел во 50’ минута прво доби жолт картон за идиотски фаул, а по консултација со ВАР судијата му покажа црвен.
Ривер Плејт е чудесен финалист во Копа Либертадорес откако направи подвиг и после поразот дома од Гремио со 0:1, синоќа славеше сред Бразил со 1:2 со голови во 82’ и 90+5’ минута (од пенал).
Марио Фернандез наполнил 18 години кога го потпишал првиот професионален договор со славниот Гремио, после што отишол далеку од семејството и бил на чекор од тоа да го напушти фудбалот.
Фудбалерите на бразилскиот Гремио по трет пат во историјата го освоија најдрагоцениот пехар на континентот Јужна Америка откако и во реваншот го совладаа Ланус од Аргентина (1-2). На улиците на Порто Алегре излегле преку сто илјади луѓе.
По цели 22 години бразилскиот клуб Гремио ја освои Копа Либертадорес откако по 1-0 во Порто Алегре, синоќа и во реваншот го совлада Ланус од Аргентина.
Бразилскиот голман Агенор од Жоинвил викендов најмногу се нервираше поради дождливото време или уште поточно поради тоа што судијата дозволи да се игра фудбал кога на теренот има бара. Неговиот тим загуби од Гремио со 2:0.
Неверојатниот натпревар меѓу Наутико и Гремио кои на овој ден пред 10 години се бореа за влез во првата лига сè уште се раскажува преку документарци, филмови и книги.
Не само што Пато се посрамоти со пеналот кој му го одбрани Дида, неговиот поранешен соиграч од Милан, туку и неговиот Коринтијанс го чинеше елиминација од четврт-финалето на бразилскиот куп од екипата на Гремио.