Бразил е една од најпогодените земји во Јужна Америка од Ковид-19 (повеќе од 10.000 заболени и повеќе од 500 смртни случаи). Поради пандемијата во Бразил многу луѓе останале без примања, а погодени се и најсиромашните.
Поради тоа Даниел Карваљо решил да жртвува и некои вредни работи.
Тој на аукција ги ставил сите свои фудбалски дресови од кариерата меѓу кои и оној највредниот на Гремио од 2003-та кога славеле јубилеј 100-години од основањето. Меѓу стотиците дресови се наоѓа и оној од мечот ЦСКА - Арсенал во Лига на шампиони.
Карваљо, кој беше маестрален левоног техничар, на својот Инстаграм објавил дека сака да купи производи во вредност од 87 реали (околу 15 евра) за најзагрозените во својот град. Притоа секој дрес го продавал за околу 45 евра (261 реал) со кој можел да купи три пакети производи.
Вкупно купил 80 пакети и се надева дека ќе собере уште средства: „Мислам дека ќе собереме и 100 пакети помош. Голема благодарност до сите! Знам дека фудбалските дресови ќе завршат во одлични раце и знам дека можеме да помогнеме многу семејства“, напишал Карваљо на Инстаграм.