Навивачите на Гремио дивееа на терен после поразот дома од Палмеирас, до толку што успеаа и да ги исплашат играчите кои бегаа во соблекувална, а еден дури го прекина и интервјуто. Во еден момент го испокршија и ВАР компјутерот.
Во меѓувреме, на мечот Хатајспор - Бешикташ, најпознатиот турски судија Чакир се туфкаше пред ВАР компјутерот и како главен судија не можеше да донесе правилна одлука при една ситуација дали има офсајд или не, па на помош го викна линискиот.