Најзаслужни за највредниот трофеј во Јужно-американскиот фудбал се Фернандињо и Луан (го бараат Реал и Барса) кои уште во првото полувреме (28’ и 45’) го решија мечот. Домаќините намалија преку Хозе „Пепе“ Санд од пенал во 72’.
Ова е трета титула за матичниот клуб на Роналдињо во Копа Либертадорес по трофеите во 1983 и 1995 а за Ланус синоќешното финале беше прво во клупската историја. Со ова се потврди тезата дека бразилските клубови најмногу сакаат да ја освојат Јужна Америка во Буенос Ајрес, а Гремио тоа го стори во јужното предградие на главниот град на Аргентина.
Gremio campeón de la #ConmebolLibertadoresBridgestone 2017. pic.twitter.com/nXUpWzOsJj
— CONMEBOL.com (@CONMEBOL) November 30, 2017
„Сино-црните“ во историјата одиграле пет финалиња на Либертадорес и сега имаат учинок 3-2.
Претходни 10 шампиони:
2016 - Насионал (Колумбија, 2 титули)
2015 - Ривер Плата (Аргентина, 3 титули)
2014 - Сан Лоренцо (Аргентина, 1)
2013 - Атлетико Минеиро (Бразил, 1)
2012 - Коринтијанс (Бразил, 1)
2011 - Сантос (Бразил, 3)
2010 - Интернасионал (Бразил, 2)
2009 - Естудијантес (Аргентина, 4)
2008 - ЛДУ Кито (Еквадор, 1)
2007 - Бока Јуниорс (Аргентина, 6)
Најтрофеен клуб во Јужно-американската Лига на шампиони е аргентинскиот Индепендиенте со дури 7 титули.