Таг: бразилски фудбал

Џандаров има ли памет?

Одвратни сцени ни доаѓаат од Бразил, а за да бидете поштедени од глетките, не мора да го гледате второто видео до крај. Полицаец мртов ладен со сачмарка од близу го погоди голманот на Гремио Анаполис, Рамон Соуза. Малоумниот и кукавички потег го изведува со гумен куршум, ама сепак нејќете да му ја видите ногата.

А зошто па судијата стално да трпи?

Кој стигне, 100 години ги пцуе од трибини. Ама зошто да трпат ќотек? Во Бразил се спремни и храбри.

Бразилски ремет на само 12 години, ама пуштен на најјако

Им играше без да му тапне и одигра како што не им успало ниту на Нејмар и Роналдињо како мали. Вриштеа од трибина, а ако имало скаути, тогаш ќе се открие кое е детево.

Сте гледале ли пливање во слободен стил, краул, ама на фудбалски стадион?

Силен дожд го одложи фудбалскиот натпревар во Бразил меѓу Спорт Ресифе и КРБ. Нема проблем, тогаш ќе им понудиме друг спорт на гледачите. И онака жештини фатија. Три, два, еден, сад.

Сакаше да ја расчистиш или да дадеш гол од 80 метри?

Најлудачкиот волеј на годината е овој и никој друг и ни доаѓа од Бразил. Пази на прва зема да ја расчистува на своја половина, а топката заврши во гол.

Најапсурдниот признат гол на кој стрелец е детето што собира топки

Случајот е стар, ама е жива вистина и се има случено во Бразил. Сите ја видоа ујдурмата на малиот, освен судијата. И пази му пројде финтата, само нема да ја имаа таа привилегија да биде запишан меѓу стрелците.

Уличен фудбал во Бразил, без да им тапне

Си биле Роналдо, Роналдињо, Ромарио и Роберто Карлос. Барем така треба да ви викаат дечкиве.

Во Бразил пукотници и истрели пред стадион, играчите избегаа

Во бразилското младинско првенство Кариока У-20, мечот меѓу Сера Макаенсе и Карапебус на стадионот „Клаудио Моасир де Азеведо“ бил прекинат во 74’ минута откако надвор од стадионот се слушнале опасни рафални истрели и имало престрелка. Во еден момент бегаат сите, па дури и голманот на Карапебус на кого во тој момент му пружаа медицинска помош поради повреда.

Напад на фудбалер врз судија за во затвор

Нисколигашкиот бразилски фудбал ни носи сцени со насилство кои никогаш не очекувавме дека ќе ги видиме меѓу играч и судија. Грдиот момент не вреди да се опише, а исходот е следен: Мечот е прекинат, судијата однесен во болница, а умоболниот го уапсиле.

Нема доволно гласен коментатор за вакво голчиште на Даглас Коста

Даглас Коста не само што се врати во Бразил, туку и стана капитен на големиот Гремио каде ја почнал професионалната кариера. Оваа некогашна ѕвезда на Јувентус и Баерн Минхен сега е позајмен во Гремио каде постигна сензационален гол!

Во Бразил падна гол кој треба да оди на научно испитување

Кога го гледаш клипов на прва, ќе помислиш дека играчот се труди да ја спаси и евентуално да ја нафрли, а тој ја шутна и погоди. Кога ќе кажат „гол кој ја сруши физиката“, се мисли на овој. Па ова е нелогично луѓе, точно од мртов агол ја даде. Ама со надворешен.

Глупсон на колото со утка на векот

Вчера во Купот на Бразил, славниот Гремио со 2-0 го победи Бразилиенсе. Виана и Пјер ги дадоа головите во 44' и 49-та минута. При резултат 2-0 во 60' минута шпицот Рикардињо од Гремио ја имаше утката на векот.

Улична Лига на шампиони во Бразил

Додека се игра осминафинале на УЕФА Лига на шампиони, да видиме како тоа изгледа во земјата на фудбалот. На улица со пехар, со медали, со озвучување, со деца на терен со играчите, со химната, со сè.

Судија во Бразил се олесни на сред терен

На мечот меѓу Боавишта и Гоиас во Купот на Бразил кој заврши 3-1, судијата Денис да Силва Рибеиро реши да не оди до тоалет туку да го обележи центарот на теренот, комотно пред камери, пред играчи, помошнички, делегати, коментатори.

Цреп на сезоната

Мислевме дека наш Марио Ѓуровски е најјак за прослави на гол. Уствари добро Марио пак си е најјак, а овој не му е конкуренција бидејќи спаѓа во друга категорија. Дечкото реши да оди на крај, ама онака хард кор како да е дома.

Шапекоенсе се врати во прва лига, пехарот го крена преживеан од авионската катастрофа

Во 2016-та година бразилскиот клуб Шапекоенсе имаше авионска несреќа на пат кон финалето на Копа Судамерикана во Меделин. Загинаа 71 лице. Од цела екипа и стручен штаб преживеаа само тројца фудбалери, а кариерата подоцна ја продолжи само бекот Алан Рушел (31).

Прејак еврогол во бразилска Серија Б

Во 32. коло од бразилската Серија Б, Хувентуде победи 2-1 против Понте Прета. Првиот гол за домаќинот, од стрелецот Рожерио слободно може да се одбере за најспектакуларен на сезоната.

Мајсторе, ти би погодил и 7-ца на лото

Некогаш славниот Крузеиро кој низ историјата освојуваше 2 пати Копа Либертадорес и е повеќекратен шампион на Бразил, сега игра во втора лига. Ги води Луис Фелипе Сколари. Синоќа со 4-1 го победија Бразил де Пелотас, а на тој меч падна и голот на колото. Стрелец Рафаел Собис.

Како тоа волеј со две нозе?

Додека вниманието беше вперено во Лига на шампиони, бразилскиот нисколигашки фудбал демонстрираше чудна кунг фу акробација во која играчот и се фрли на топката со две нозе. И за чудо му успеа.

Столе, бар рабона да пробаше ко Бразилецов

Во бразилската најдобра лига, Коритиба го изненади Палмеираш со 1-3 на гостински терен, па нивниот голман Вилсон си дозволи и да прави будалаштини. Ама за разлика од нашата глава букова, овој барем добро пројде.

Во Бразил фудбалери удрија специјалци, па добија одговор на сред терен

Во пониските лиги на Бразил човек може да начека сè и сешто. На еден таков меч од трета лига настана општ хаос и невидена сцена на сред терен.

Кога ќе се упрпаш од своите навивачи

Коринтијас тргна лошо во бразилскиот шампионат и има само две победи по првите 9 кола. Последниот пораз им е од Флуминенсе по што настана голема мешаница и турканица пред нивниот клупски автобус. Навивачите им се сипаа, а овие фатија да бегаат внатре.

Се дава ли на голман да изведе слободен во 40-та минута?

Ако го прашате тренерот на бразилскиот прволигаш Атлетико Гоијаенсе, се дава. Жан Пауло Фернандез Фиљо го реши мечот Бахија - Атлетико Гојаниенсе со гол по одбиена топка од слободен удар кој самиот тој го изведе. Конечни 0-1 и три бода во џеб за гостите.