Таг: бразилски фудбал

Абе не те апсат, температура ти мерат

Хит видео ни доаѓа од Бразил. Фудбалски тренер се испотресе и ги крена рацете, како пиштол да му впери некој, а тоа е само редовна контрола за Ковид 19.

Што би рекле Битолчани, ја љуфна

Васко де Гама едвај со гол во 84' минута ја победи Мадуреира, а мечот можеше да отиде во друг правец многу лесно ако во 15' минута гостинскиот фудбалер Кататау не се посрамотеше.

Бразилскиот Трамп го враќа фудбалот и за вирусот вика дека е грипче

Според најновите информации, Бразил на 18-ти јуни го рестартира фудбалот. На легендарната Маракана каде има мобилни болници за заразени од КОВИД-19 треба да се сретнат Фламенго и Бангу и покрај пандемијата.

Од бразилските улици издвојуваме

Ај што топката едвај ја собира во тоа една педа голче, него што да се каже за потегот на детево без да гледа, кое за влакно не падна претходно во дупка? Овој што снима нема никогаш во живот да го избрише видеово.

Магијата на фудбалот - од 2:0 во 90-та до 2:3 во 97-ма

Во бразилскиот Куп се случи луд пресврт. Парана губеше 0-2 од Баија де Феира. Гостите ги дадоа двата гола во 60’ и 60’ минута. И до 90+1 беше 0-2. На сцена тогаш стапија домаќините.

Фудбалскиот пат на Пеле - најголемиот бисер на Бразил

За него се снимани филмови, документарци, репортажи. Многумина го сметаат за најдобриот фудбалер на сите времиња. Генот за фудбал го наследил од татко му кој имал кратка професионална кариера и кој на сметка на фудбалот живеел сиромашно.

Крузеиро испадна од лига првпат во 98-годишна историја

Изминатиот викенд славниот бразилски клуб Крузеиро од градот Бело Хоризонте, кој беше еден од само 4 клуба кој никогаш не испаднале од првата лига, мораше да се помири со најтешките моменти во своето постоење.

Автогол на сезоната во Бразил

Васко да Гама против Гоиас во бразилското фудбалско првенство. Домаќините поведуваат 1:0 преку некогашниот најголем талент на јужно-американскиот фудбал, Колумбиецот Фреди Гуарин, а Гоиас израмнува дури во 90+7’ минута по еден смешен, бизарен автогол на Освалдо Енрикез.

Моронски фаул на годината - доаѓа од Бразил

Голманот на Интернасионал од Бразил, Марсело Ломба на најгрубијански можен начин му влезе на центарфорот на Гремио, Лучано. Нормално, директен црвен картон во 51’ минута и пораз на крај од 2:0.

Мајката херој која му коментира фудбал на својот слеп син, доби награда заедно со Меси

Милано. Градот на модата, елитата и гламурот. Оперскиот театар Ла Скала, на сцена маестро Андреа Пирло кој отвора коверт и го објавува името на Силвија Греко - жената која победи во номинацијата навивач на годината на церемонијата FIFA The Best.

Пожари до стадионот, тие фудбал играат

Во бразилската Серија Ц лига, Атлетико Акреано и Луверденсе како да не беа свесни што се случува околу нив, па играа како да ништо не е. При резултат 3:2 судијата пред крај решил да го прекине мечот поради густиот дим од околните пожари и безбедносниот ризик.

Абнормални ножички во Бразил, еврогол каков што не се гледа секој ден

Во бразилската Серија А, на мечот Сеара - Фламенго (0:3) падна гол кој сигурно ќе биде кандидат за наградата Пушкаш. Џорџан Де Араскаета во 90+7’ минута, во длабоко судиско продолжение постигна велелепен гол.

Преубав гест од Бразил, Палмеирас потпишал договор со фудбалер со оштетен слух

На почетокот на август месец, фудбалерите на Палмеирас добиле нов, 18-годишен соиграч од младинскиот тим. Станува збор за Густаво Пералта од Парагвај кој има 80% загубен слух и не зборува.

Некоја жица ставиле монтажериве, нема друго објаснување

Бразилска фудбалска лига, корнер, топката по центаршутот во еден момент сама отскокнува во воздух.

А како поинаку во Бразил?

На мечот на кој за Фламенго како позајмен играч заигра толку озборуваниот Габигол, неговиот соиграч Енрике Дурадо постигна маестрален гол за 1-1 против Ресенде.

Не баш секој е за возач створен

Во рамките на младинскиот Куп на Сао Пауло, на мечот меѓу младинците на Триндад и Фламенго, фудбалерот на домаќините лежел на терен повреден и чекал со соодветната кола да го изнесат надвор.

Конфликтниот Бразилец кој ги забавува навивачите на Вест Хем

Покрај борбата со носталгија, апатија и самотија, Фелипе Андерсон како капак на сè доживеал и трагедија која што ја направил татко му во 2015-та година кога бил виновен за смртта на две лица во Бразил.

Во меѓувреме во Бразил

На мечот Чеирињо ФЦ - Бахија ФЦ се случи нешто за кое играчите не можат стопостотно да тврдат дека не биле пивнати.

Турни ме да кинисам на големото бразилско дерби

На мечот Фламенго - Васко Да Гама фудбалерите мораа малку да „гурнат“ за амбулантското возило кое собра еден повреден играч да може да тргне.

Страшен гол на голман од слободен удар против Коринтијанс

Во најдобрата бразилска лига Сеара со 2-1 го совлада славниот Коринтијанс а првиот гол за домаќините во 21’ минута го даде голманот Еверсон. Гол? Не. Голчиште!

Од сигурна смрт до стартер за Бразил на Светско првенство

Меѓу подобрите играчи на Бразил на Светсково се најде и Фагнер, десниот бек за кого светот слушна од списокот на селекторот на Тите. Никогаш претходно.

Чудесен прием на топка

Напаѓачот на Коринтијанс Анхел Ромер не заборавил дека е во Бразил и ефектно примил една топка на дуелот со Палмеирас кој неговите го добија со 1:0.

Бразилско дерби со хард кор финиш

Кога сте виделе последен пат судија да прекине натпревар поради недостиг на играчи на терен? Бразилските фудбалери кои се познати по лудото дриблање, овој пат покажаа други вештини, а тоа резултираше со 10 црвени и 8 жолти картони.