Натпреварот меѓу Манаус, една од главните нисколигашки екипи од државата Амазонија која собира по неколку илјади навивачи на својот голем стадион и Трезе, кој сезонава ја стартувал одлично, се заврши неславно.
Гостите повеле преку Жилван Ферерира дос Сантош со 0-1, а домаќините израмниле со гол во длабоко судиско продолжение, во 90+8' минута. Токму тој израмнувачки гол за кој гостите сметале дека е нерегуларен поради офсајд отвори неколку фронта.
Прво фудбалерите на Трезе му се сипаа на помошникот судија, а откако главниот никако не успеа да ги одвои од него, настапија специјалците. А овие курнази па и на нив им се сипаа па го добија тоа што го бараа. Прв ги испровоцирал резервниот голман Андреј: