Младиот Парагваец кој важи за одличен фудбалер, ги импресионирал претставниците на бразилскиот клуб на летните турнири во Чешка и Швајцарија каде играл за Палмеирас U-19. По враќањето назад во Бразил, управата му предложила професионален договор (прв во неговиот живот).
Густаво во моментов настапува за Палмеирас U-20 но во секој момент се очекува да биде прекомандуван во првиот тим и да заигра со постарите колеги.
Густаво Пералта со фудбал се занимавал од шест години. Тој е син на познат парагвајски играч од мал фудбал. Густаво уште од детството научил да комуницира со помош на гестикулации и научил да чита од усни за да ги разбира другите луѓе.
Палмеирас соопштил дека на младиот фудбалер ќе му биде овозможена логопетска терапија и клубот ќе организира курс за јазични гестови за него и за другите фудбалери од екипата.
Пералта наскоро би можел да дебитира за сениорскиот тим на Палмеирас, а нам ни преостанува да го следиме овој уникатен фудбалер од бразилската лига.