Цреп на сезоната

Мислевме дека наш Марио Ѓуровски е најјак за прослави на гол. Уствари добро Марио пак си е најјак, а овој не му е конкуренција бидејќи спаѓа во друга категорија. Дечкото реши да оди на крај, ама онака хард кор како да е дома.

Црепот на сезоната го заслужи овој епитет бидејќи за постигнат гол во 95-та минута и промоција во прва дивизија реши да им го извади.

Инаку се работи за Бразилецот Емерсон Кариока кој го искина дресот и ги спушти шорцевите откако даде клучен гол од слободен удар со кој го прати својот клуб Сампајо Кореа во Кариока шампионатот, инаку годишно натпреварување во Рио.

Сето ова се случи во декември, а сега на Емерсон му стигна суспензија од 8 меча. Во меѓувреме го напушти Сампајо и стана дел од клубот Португеса, но казната останува да му важи.

Инаку од лигата соопштуваат дека тој не се однесувал само спротивно на спортската дисциплина и етика, туку потоа бил вклучен и во тепачката која настана откако почна да мавта со таквото.

Крилниот напаѓач тврди дека тоа е одговор на расистичките испади кои ги доживеал од играчите и тренерите на Марица.

„Луѓето на Марица ме навредуваа на последните три меча што ги играв против нив. Ме нарекоа алкохоличар и дебел мајмун, а мене тоа ме нервираше“.

Инаку ова е мајсторскиот гол на Емерсон над кој има објаснување од страна на медиумот дека ќе го покажат само голот.

А по неговата нудистичка прослава, вака беше на терен:

5 февруари 2021 - 09:27