Шапекоенсе се врати во прва лига, пехарот го крена преживеан од авионската катастрофа

Во 2016-та година бразилскиот клуб Шапекоенсе имаше авионска несреќа на пат кон финалето на Копа Судамерикана во Меделин. Загинаа 71 лице. Од цела екипа и стручен штаб преживеаа само тројца фудбалери, а кариерата подоцна ја продолжи само бекот Алан Рушел (31).

Во 2019-та година јунакот на оваа неверојатна приказна, Алан Рушел, испадна заедно со клубот во втора лига (Серија Б). По страшната трагедија, Шапе западнал во големи финансиски проблеми и поради тоа испадна во понизок ранг на натпреварување.

После една година Шапекоенсе стана шампион во втора лига и се врати во елитната Серија А.

Патникот во прва лига драматично се решаваше во последните минути од последното коло. Шапекоене и Америка Минеиро го делеа првото место со ист број бодови. Им се совпаѓаше и учинокот победи-нерешени-порази (19-13-5) и дури и гол разликата +20.

Двата тима во еден момент од своите натпревари во последно коло синхронизирано водеа. Шапекоенсе против Конфианса, а Америка МГ против Аваи.

Во 98' минута од мечот Шапекоенсе доби пенал. Топката ја намести шпицот Анселмо Рамон (32) кој лудачки храбро успеа со паненка да го совлада голманот за пласман во прва лига!

„Го заслуживме пехарот. Дожд на Конда Арената во моментот кога Шапекоенсе се подготвува да го подигне трофејот. Нашата сила доаѓа од горе“, пиша клубот на Твитер.

Пехарот за освоената титула во втора лига прв го крена капитенот - Алан Рушел, еден од тројцата преживеани фудбалери во страшниот авионски пад. 

****

Во 2016-та Алан Рушел бил на позајмица во Шапекоенсе од Интернасионал. Чудесно преживеа во авионската катастрофа. Тогаш 27-годишниот бек седел во задниот дел од авионот, кај опашката, со новинарите.

Буквално на една минута пред авионот да почне да паѓа, директорот на клубот, Каду Гаучо побарал од Рушел да седне во предниот дел на авионот со другите играчи.

„Прво не сакав да одам таму, ама после го видов голманот Жаксон Фолман (уште еден преживеан фудбалер на кого му ја ампутираа ногата) и он бараше да седнам со него. Само Бог може да објасни како ја преживеав катастрофата. Бог ми даде втора шанса“.

Чудо се случило и за време на итната операција. Рушел раскажал дека тогаш малку фалело да остане парализиран - секое неправилно движење при неговото извлекување можело да го направи инвалид за цел живот.

Рушел додека се будел од кома, често прашувал за финалето на Копа Судамерикана и викал дека ќе го освојат. Кога лекарите му кажале што се случило, тој неколку дена не можел да се соземе. Мислел дека му се причинува.

Во меѓувреме Елио Нето и Жаксон Фолман ги завршија кариерите, а Рушел упорно и напорно вежбал за да се врати на терен. На 30 јануари 2021-ва направи и огромен подвиг, стана шампион во Серија Б и се враќа во прва лига.

„Од се што се случи извлеков една поука: треба да му се радуваш на животот и да правиш добро“. рекол Рушел.

1 февруари 2021 - 14:23