Во 2016-та година бразилскиот клуб Шапекоенсе имаше авионска несреќа на пат кон финалето на Копа Судамерикана во Меделин. Загинаа 71 лице. Од цела екипа и стручен штаб преживеаа само тројца фудбалери, а кариерата подоцна ја продолжи само бекот Алан Рушел (31).
Џексон Фолман сега ќе биде голман на параолимписката репрезентација на Бразил. Ногата му ја ампутираа набрзо по авионската катастрофа и во февруари годинава решил да стане параолимпиец.
Фудбалерите на Рома славеа 4:1 на пријателска средба против бразилскиот тим, а честитките на сите актери на терен отидоа кај Алан Рушел кој по гостувањето на Камп Ноу, имаше незаборавна ноќ на Олимпико.
Преживеаните фудбалери на Шапекоенсе, дефанзивецот Нето и фудбалерот од среден ред Алан Рушел се најдоа на поширокиот список за натпреварите од Копа Либертадорес. Се појави видео од Алан кој го воодушени светот со неговата упорност за кам бек на терените. Инаку третиот преживеан од авионската несреќа е голманот Џексон Фолман на кого му беше ампутирана ногата.
Еден од шестмината преживеани од авионската несреќа, бекот на Шапекоенсе Алан Рушел (27), по излегување од болницата се појави на прес-конференција и кажа дека ќе ја продолжи кариерата во чест на неговите загинати соиграчи.