Во Абу Даби, тимот на Зидан го совлада бразилскиот Гремио со минимални 1:0 и по трет пат во последните четири години „кралскиот клуб“ го освои овој трофеј. Вкупно во клупската историја Реал му се радуваше на ова одличје шест пати - 1960, 1998, 2002, 2014, 2016 и 2017,
Единствениот погодок на мечот го постигна Кристијано Роналдо во 53’ минута од слободен удар преку 20-ина метри. Португалецот шутираше во мал простор меѓу лошо наместениот жив ѕид и голманот Марсело Грохе беше немоќен.
Токму Грохе беше најзаслужен што Гремио не изгуби со повеќе голови разлика.
Кристијано Роналдо стана единствениот фудбалер на светот којшто успеал да даде гол во две финалиња на Светското клупско првенство а „Кралевите“ се единствен клуб којшто успеал да го одбрани пехарот. Како тренер на Реал Мадрид, Зидан сега има осум вредни трофеи - 2 Лига на шампиони, 2 Супер Купа на УЕФА, 2 Светски клупски првенства, 1 Примера, 1 Супер Куп на Шпанија и 2 лични трофеи - 1 Тренер на годината според ФИФА и Тренер на годината во Европа.
Третото место на овој престижен турнир го освои Пачука од Мексико која што ја победи домашната Ал Џазеира со 4-1.
🙌 ¡¡CAMPEONES!! 🙌
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 16, 2017
FP: #RealMadrid 1-0 @Gremio (@Cristiano 53').#RMCWC #HalaMadrid pic.twitter.com/c0So3VJDNv