Бразислкиот клуб Гремио стана првата екипа од оваа земја казнета за расизмот на своите навивачи. По одлуката на ФИА, секој клуб да биде исфрлен од натпреварувањето во кое имало расистички испади, Гремио се прости од бразилскиот куп.
За време на 1/8 финалниот натпревар од купот на Бразил, голманот на Сантос, Арања беше мета на расистички урлања, а камерата на ЕСПН каналот во живо ги забележа скандалозните навреди кои го збеснаа гостинскиот голманот.
Најдолго во кадарот беше Патриција Мореира, навивачка на Гремио која очигледно му викаше на Арања „macaco" или во превод мајмун.
Патрисија за тоа беше казнета со двегодишна забрана за посети на спортски манифестации, сопственикот на фирмата во која работела веднаш ја избркал од работа, заканите по социјалните мрежи траеле деноноќно, но тоа не било доволно нејзиниот кошмар да престане.
Голманот Арања и татко му ги примиле извинувањата од Патрисија и ѝ простиле, но преку нејзиниот расизам никако да преминат навивачите на Сантос.
Нејзиниот дом често бил каменуван, уриниран и шкртан, така што Патрисија веќе две недели спиела по роднини и пријатели.
Целиот настан кулминирал во саботата, кога извесен Елтрон Граи, навивач на Сантос, подметнал пожар во куќата во која за среќа немало никој. Елтрон бил уапсен, а бразилската полиција соопшти дека тој и претходно имал кривични дела а притворен бил до 22 мај годинава.
Откако Патрисија јавно изразила каење за својот непромислен гест, истото го сторил и пироманот Граи, коишто на испитувањето во судот изјавил дека длабоко се кае за тоа што го сторил.
Најголема штета од целиот настан претпре Гремио, кој се соочи со исфрлање од понатамошното учество во купот на Бразил.