Зе Роберто дава евроголови на 42 години

Се сеќавате на неговите партии од Баерн Минхен. Во моментов има 42 години и игра за Палмеирас. И не само што игра и е капитен, туку е и најдобар играч на теренот. Против Санта Круз постигна еврогол.

Во својата кариера досега Зе Роберто освои Копа Америка, од 1997 до 1999 ги имаше најдобрите години во Баерн Минхен со кој освои три титули во Бундеслигата и четири Купа на Германија.

 

4 октомври 2016 - 12:20