Детето кое го гледа својот клуб благодарение на очите на мајка му

Последното бразилско дерби донесе една возбудлива приказна за секој кој верува дека фудбалот не е само спорт. Во реалноста тоа е многу повеќе, особено со вакви упорни мајки.

За време на натпреварот меѓу Палмеирас и Коринтијас, камерите уловија на трибините една необична ситуација, а тоа е како мајка седната до своето дете, постојано без престан му пренесува и објаснува нешто на својот син.
 
Детето се вика Николас, има 11 години и е речиси целосно слепо од раѓање, но успева да ги доживее натпреварите на својот омилен тим благодарение на мајка му која никогаш не го остава сам.
Таа го придружува на секој натпревар и му ги пренесува сите случувања кои ги гледа на терен. Тој слуша и со помош на атмосферата од навивачите и нивните реакции, а со опис за играта која му го дава мајка му, ја чувствува возбудата која се нуди на фудбалски натпревари. Кога Палмеирас игра дома, Николас обавезно е на стадион со мајка му.
 
Овие снимки се раширија во Бразил и општо во јужноамериканскиот фудбал, па така Николас беше поканет на теренот каде играат неговите идоли. Повторно придружуван од мајка му со чија помош ужива во фудбалот.
12 септември 2018 - 13:03