Бразилскиот голман кој за 18 часа бранеше за репрезентација и клуб во различни земји

Главен јунак на Бразил на мечот против Перу на гости во квалификациите за Светско првенство 2022 стана Нејмар. Бразилците се извадија со 2 пенали и со црвен за домашните кои водеа 2-1, ама ретко кој го спомнува и малку познатиот голман на кариоките.

Нејмар постигна три гола од кои два од пенал во 28’ и 83’ минута за важен триумф на Бразил кого во Јужна Америка го обвинуваат дека имал судиска помош против Перуанците.

О-Неј со овие три погодоци се искачи на второ место на вечната листа најдобри стрелци во историјата на репрезентацијата на Бразил (пред него е само Пеле со 77, Нејмар е втор со 64, Роналдо трет со 62).

Но, да се вратиме на насловот.

Голот на Бразил го чуваше малку познатиот во Европа, Вевертон, 32-годишен голман кој целата своја кариера ја поминал во татковината. Бранел за Коринтијанс, Ремо, Оесте, Америка РН, Ботафого, Португеза, Атлетико Паранаенсе и од 2018-та го чува голот на Палмеираш.

За Бразил дебитираше во 2016 на Олимписките Игри. Токму таму му го одбрани клучниот пенал на Нилс Петерсен во финалето против Германија и Бразил го освои златото. Од тогаш Вевертон од селекторот на Бразил Тите доби повик за дуелите со Еквадор и Колумбија во квалификации и сега со Перу.

Ама во Лима прими гол уште во 6’ минута:

До 83’ минута Перу држеше 2:2 со големиот фаворит, но потоа примија 2 гола од Нејмар и изгубија 2:4.

По крајот на мечот голманот Вевертон се вратил со селекцијата од Перу во Бразил. После 19 часа морал да брани пак за Палмеирас против Коритиба во бразилскиот шампионат.

А меѓу Лима и Сао Пауло има 3.500 километри или повеќе од 5 часа авионски лет.

Вевертон преморен од патот и настапот во Лима, прими два гола во првите 25 минути, а за време на прослвата на гостинските играчи на еден гол, Вевертон рогнал топка во нив и погодил двајца ривали

Палмеираш неочекувано изгуби 1:3 и ова е трет пораз на тимот по ред.

Вевертон бранел 180 минути за помалку од едно деноноќие. 32-годишниот голман цела кариера ја мина во Бразил и има злато од ЛОИ 2016. А сега има и необичен подвиг со 2 меча и 180 минути фудбал во само 18 часа.

 

16 октомври 2020 - 11:28