Главен јунак на Бразил на мечот против Перу на гости во квалификациите за Светско првенство 2022 стана Нејмар. Бразилците се извадија со 2 пенали и со црвен за домашните кои водеа 2-1, ама ретко кој го спомнува и малку познатиот голман на кариоките.
Младиот фудбалер на Крузеиро, Вевертон (19) бил повикан од селекторот на Бразил Тите да пополни место на тренинзите пред Копа Америка. А малиот без страв „го искина“ Нејмар.