Првата фотографија е од 2018-та, а на неа се Николас кој е роден слеп и со аутизам, а до него е мајка му Силвија која му раскажува натпревар на неговиот омилен клуб Палмеирас. Фотографија која се рашири во свет.
Втората е од пред само 15 дена или поточно од денот кога Палмеирас го совлада Сантос и ја освои Копа Либертадорес. И покрај неговите пречки, но и пречките со пандемијата, Николас не се одвои од трибините од каде го следеше финалето, а со тоа го доживеа на лице место најголемиот успех откако заедно го бодрат клубот.
Тоа е таа упорност и љубов и од негова страна, но и од страна на мајка му која не пропушта да му го овозможи задоволството кое го нуди фудбалот.
Нивната сторија допре толку многу длабоко до срцата на фудбалскиот свет, што ФИФА веќе следната 2019-та им ја даделе наградата „2019 FIFA Fan Award“, а ја примија двајцата на бина пред најголемиот светски фудбалски крем.
Николас стекна популарност и на Инстаграм има скоро 120.000 следбеници. Има фотографии со познати фудбалски имиња и тренери.