Флуминенсе го совлада Интернационал со 1:0, доволна победа за по кој знае кој пат да ја чуеме онаа препознатлива јужноамериканска страст за фудбал. Ова го нема во Лига на шампиони.
И официјално во бразилската елитна Серија А воведоа ново правило - од сезоната 2021/2022 клубовите ќе можат само еднаш да менуваат тренер во една сезона. На гласањето за оваа промена 11 клуба биле за, 9 биле против.
Речиси малку е познато дека легендарниот Роберто Карлос и неговиот миленик Марсело прв и последен пат заедно на официјален натпревар поминале само три минути кога малиот Марсело дебитирал против Депортиво.
До 12 години играл фудбал по плажите во Рио но немал намера да стане фудбалер. Повеќе сакал да тргне по стапките на татко му кој бил пожарникар, но со тоа не се сложил дедо му кој го насочил на прав пат.
По краткиот престој во Мексико, Роналдињо премина во Флуминенсе и со клубот од татковината потпиша договор до крајот на 2016. година. Сепак веќе на 29 септември 2015 година после 7 мечеви во составот, со клубот се договори да го раскинат договорот.