Сте виделе ли некој вака да им ја крие топката на Манчестер Сити?
Океј, ова е најдоминантниот Сити кој во 2023-та освои 5 трофеи и го доби убедливо Флуминенсе со 4:0. Но, од тоа финале на Светското клупско првенство според стариот формат, се појави видео во кои момците на Пеп, се соочија со нешто што вообичаено тие го правеа додека беа во најјакото. Две минути не можеа топка да им земат на Бразилците. Белите дробови им се исцрпија.