Приказна за фудбалскиот пат на Лионел Меси

„Бев најмал во школо и на терен, секој ден ми ставаа инјекции“

„Во еден момент сфатив дека детево како да е од некоја друга планета од која доаѓаат исклучителни луѓе: доктори, професори, врвни музичари, сликари...“, вели човекот кој е најзаслужен што Барса прифатила да го прими на проба.

Во детството Лионел Меси бил права ноќна мора за цел Росарио. Тренерите на детските екипи на Њуелс Олд Бојс веќе престанале да бројат колку голови Лео дал на разни турнири иако сите биле уверени - повеќе од 500.

Екипата за која играл Меси беспоштедно ги газела противниците, лесно им давала понекогаш по 10 гола по натпревар при што ривалите имале непишано правило: Кога јуниорите на Њуелс ќе го дадат шестиот гол, да влеземе во соблекувална да не се мачиме веќе.

Меси имал посебна мотивација да ги победува сите во регионот. Едно време тренерот Карлос Маркони за секој постигнат гол му давал чоколадно колаче со млечна карамела внатре. Ако Меси дал четири гола, добивал 4 колачиња.

За да уште повеќе да го мотивира му рекол дека ќе му даде две колачиња за гол со глава.

„Веќе на првиот следен меч Лео ја помина цела одбрана, фати го дрибна и голманот, си ја крена топката високо и со глава постигна гол. Се сврти накај мене и ми покажа два со прстите: ’Спремај две’, се сеќава тренерот Маркони.

Кога Меси наполнил 9 години, тренерите на Њуелс Олд Бојс размислувале што не е во ред со растот на Лионел. Сите други деца се извишиле, пораснале, а Меси останал најнизок - 1 метар и 27 сантиметри. Татко на еден негов другар носел дополнително перниче за тогаш кога Меси ќе се качел во кола за да може да гледа низ прозорот.

Тоа никако не му влијаело на успесите на детските турнири, но во перспектива носело многу проблеми: со таков раст Меси никогаш не би можел да игра сениорски сериозен фудбал. Морал да помине детални прегледи.

ДОКТОРОТ КОЈ ГО СМИРУВАЛ ЛИОНЕЛ

Така на 9-годишниот Меси му пронашле дефицит на хормонот на раст којшто е неверојатно важен за созревање на организмот. Според ендокринологот Диего Шварцштејн кој две ипол години работел со Меси во Росарио таквиот недостиг на овој хормон е реткост и во просек го има едно дете на дваесет илјади деца.

Во таков случај кога ќе се пристапи кон лекување на хормонот на раст следуваат секојдневни инјекции во раце и нозе во период од 3 до 6 години, во зависност секако од реакцијата на организмот.

Професионалниот спорт забранува строго такви инјекции затоа што кај здрав човек тоа овозможува зголемување на мускулната маса и во старт нееднаковост со другите на теренот.

„Бев најмал на теренот, најмал во школо и најмал во дворот. После ми ставаа инјекција во нога секој ден. Ден за ден, недела за недела - и така цели три години“, се сеќава најдобриот светски фудбалер според многу параметри.

Лео му раскажувал на лекарот Шварцштејн практично се - колку голови дал на кој меч, какви турнири го чекаат со Њуелс Олд Бојс и оддеднаш докторот му кажал: „Не знам дали ќе станеш подобар од Марадона, но знам дека ќе станеш повисок“.

Сè се сложило така: Меси денес е висок 1 метар и 69 сантиметри а Марадона е два сантиметри понизок.

ЛЕКУВАЊЕТО ВО АРГЕНТИНА ЗАВРШЕНО, ОДИ ЗА БАРСЕЛОНА

На патот кон целосно оздравување на хормонот на раст, Меси го снашла драматична тешкотија затоа што на крајот на на ’90-те и почетокот на ’2000-те Аргентина ја зафатила страшна економска криза која што во 2001 година значела и колапс, оставка на претседателот и крај за средната класа.

Првите две години од лекувањето на малиот Лионел, неговите ја плаќале терапијата и третманот од фондот каде што работел татко му. Кога кризата почнала сериозно да ја потресува државата, доцнеле плати и пензии и Меси останал без инјекции хормон за раст. Терапијата изнесувала од 900 до 1.300 долари месечно а семејството толку пари немало.

Хорхе Меси на почетокот се обратил до раководството на Њуелс Олд Бојс - барал клубот да му помогне на својот главен јуниор но сфатил дека кризата немала милост ни со фудбалските клубови кои немале „скршена банка“.

„Ми кажаа дека во целост ќе го подмират лекувањето и да бидеме спокојно, а на крајот дадоа само 300 пезоси. Ако тие плаќаа апсолутно сигурно ќе останевме во Росарио“, се сеќава Хорхе Меси.

Семејството итно барала варијанта за понатамошен третман: терапијата не смеела да се прекинува за долго затоа што ефектот не би бил ист.

„Секако дека нема несакани ефекти од наглото прекинување на терапијата, но ако Меси тогаш престанел да ги прима хормоните сега ќе бил многу понизок, околу метро и 50 сантиметри“, вели доктор Шварцштејн.

Набрзо семејството Меси го помогнале двајца претприемачи (бизнисмени) од Буенос Аиерс кои слушнале за неверојатниот талент на Лионел и се познавале со луѓето од Барселона.

Така Хорхе Меси се запознал со Жозеп Марија Мингуеља еден од најважните соработници на управата на Барселона кој никогаш не се појавувал јавно. Во ’70-те години тој дошол во клубот како преведувач, потоа на „Камп Ноу“ станал тренер, па администратор на младинските категории, скаут и дури и менаџер на фудбалери.

Тој учествувал на трансферите на Диего Марадона, Ромарио и Христо Стоичков на „Камп Ноу“ во Барселона а следна голема зделка му бил малиот Меси.

„Првпат го видов Лео кога имаше 12 години. Беше низок, слабичок, мал и јас имав навистина голем сомнеж дали ќе стане добар играч. Но после подробните анализи на видеата просто бев поразен. Се чинеше како да дошол на земјава од некоја друга планета каде се раѓаат исклучителни луѓе: Архитекти, доктори, врвни музичари, учители“, раскажува Жозеп Марија Мингуеља.

Барселона, прилично очекувано не се заинтересирала многу за Меси којшто на прв поглед не оставал впечаток дека еден ден ќе биде „Богот на Каталонија“, но Мингеља направил се за да ја смени позицијата на клубот. Им купил на Лионел и на татко му авионски карти за Шпанија и им платил престој во Барселона.

„На тренинг сите видоа на што е способен Лео Меси. Беше одличен од недела во недела но никој не презеде никакви одлуки за Лионел и другите да престанат да се срамат од неговиот мал раст. Тогаш решив да му се јавам на советникот на претседателот на Барселона, Жоан Гаспар и да договорам проба на контролен меч“, вели Мингеља.

Пробниот натпревар се играл на терен недалеку од „Камп Ноу“ каде Лео играл со постари деца за во такви услови луѓето од клубот да проверат дали треба да вложат во неговиот развој. Меси оставил сјаен впечаток.

„Чарли Решак, кој беше советник на претседателот на Барселона виде но се срамеше да признае дека Лео беше најдобар на теренот“, вели Мингеља.

Од тој момент Барса ја презела грижата за Лионел но татко му Хорхе не верувал дека Каталонците ќе помогнат затоа што веќе се наслушал ветувања во Њуелс Олд Бојс и бил скептичен.

За да го успокојат Хорхе Меси, Мингеља и Решак договориле средба на која би паднал договор. Тогаш се случила и најфамозната анегдота во светот на фудбалот - Договорот на 14 декември 2000-та бил потпишан на салфетка во еден ресторан горе на Монтжуик.

Согласноста гарантирала дека со Меси скоро ќе биде потпишан професионален младински договор. На татко му притоа му гарантирале позиција во младинскиот систем на Барселона. Документот бил готов до март 2001. година, а лекувањето продолжило максимално брзо. Првата етапа од терапијата со хормонот на раст ја платил генералниот директор на Барселона Жоан Лакуева кој му дал на татко му на Меси 152.000 пезети од свој џеб.

Среќата на целото семејство била неизмерна. Во декевмри 2001 му ја зголемиле платата (Во академијата тој заработувал како играч на Барселона Б), а на татко му му дале заем за да најде стан во близина.

После 5 години Лео докажал дека ништо не било залудно а после 10 години стана најдобриот играч во историјата не само на Барселона туку можеби и во светскиот фудбал.

„Барселона беше единствен клуб кој се согласи да го плаќа моето лекување. Клубот стори се најдобро за мене и овде ќе играм додека сум потребен“, изјави Меси кој неодамна го продолжи договорот со Барса.