Мурињо и Ван Гал какви што не ги паметиме

Португалскиот тренер денес би требало да го официјализира договорот со Манчестер Јунајтед и да го замени стариот пријател Луј Ван Гал со кого порано работеа заедно.

Мурињо и Ван Гал соработуваа во Барселона, каде Португалецот му беше помошник на Холанѓанецот. Познато е дека Мурињо претходно бил преведувач во стручниот штаб на Барса, а подоцна станува помошник.
 
На еден од тренинзите во сезоната 1997/1998

Мурињо и Ван Гал во неформален разговор на патеката Каталуња, облечени во опрема на тимот Рено. Со нив е и Витор Баија кој подоцна ја освои Лигата на шампионите со Порто.

Соработката меѓу Ван Гал и Мурињо заврши во мај 2000-та година. Жозе тогаш ја почна самосталната кариера. Почитта кон постариот колега Мурињо ја имаше долго време.

Кога го поврзуваа со Манчестер, тој изјави: „Ван Гал е мој другар, со него работев неколку години. Мене постојано ме поврзуваат со нови работни места. На лето ќе преземам нов клуб но не можам да кажам кој. Во моментов немам договор ниту со еден клуб", изјави Мурињо за кој англиските медиуми тврдат дека од минатата година имал контакти со Јунајтед кој му плаќал да не оди во друг клуб.