Марко Силва против снобизам
Кога Марко Силва станал кандидат за пост тренер во Хал, на локална радиостаница се јавил незадоволен навивач:
„Силва? Па тоа може да биде и Долгиот Џон Силвер од ’Остров на богатството’. Што знае тој за Хал? Што знае за Премиер лига? ШТО ТОЈ ЗНАЕ?!
Некогашниот фудбалер на Арсенал, а денес експерт за Sky Sports Пол Мерсон не го држело место во студиото.
„Хал кој се заплетка на 20. место и го избрка Мајк Фелан има два кандидаи - Англичанецот Гари Роует и некој што работел во Португалија и Грција. И ја би освоил грчко првенство со Олимпијакос. Без зафрканција. Они освоиле 107 титули за 106 години. 44, 43 првенства имаат освоено. Зошто секогаш мора да се бира странец? Немам ништо против Клоп, Гвардиола или Конте, тоа се топ тренери. Нашите тренери четири години учат за лиценца и не добиваат шанса. Хал е одличен клуб со прекрасен стадион и неколку позанти играчи. Што знае тој за Хал? Што знае тој за Премиер лига?“, викал Пол Мерсон кој бил тренер на Волсол на 94 меча и добил отказ поради протести на навивачите.
Колегата ’експерт’ на Мерсон, Фил Топмсон додал: „За него оваа работа паднала од небото. Тоа е резимето“.
Добредојде во Англија, Марко Силва.
Почетокот на тренерски занает во Ешторил
На 10. јуни 2011 веднаш по неговото полекување од играчката кариера, Марко Силва го ставиле директор за фудбал во второлигашот Ешторил каде ја заврши кариерата. Набрзо истата сезона го заменил тренерот Винициус Еутропио и неговата тренерска одисеја започнала.
Ешторил бил во катастрофална состојба. На плажите на периферијата на Лисабон никогаш немало многу пари и платите катастрофално доцнеле.
Декоративно некогашниот неприметен десен бек а сега тренер Марко Силва не значел ништо. Играл шест години за Ешторил, бил капитен и клубот едноставно не можел да најде подобар човек за местото директор на клубот.
Наскоро 34-годишниот станал тренер на екипата. Првиот меч го загубил 1-3, но разочарувањата не продолжиле затоа што тимот изгубил само три меча во следните 24 кола. Ешторил со скромно стадионче за 5.000 луѓе се пласирал во првата лига и почнал да ја плени цела Португалија со офанзивна игра во формацијата 4-3-3.
Сензационалниот Силва завршил 5-ти па 4-ти во Примеира и херојски го однел Ешторил во Лига Европа, па дури и му го нанел првиот пораз на Порто на домашен терен после пет и пол години.
Клупата на славниот Спортинг и тешкиот удар зад грб
Следната сезона Марко Силва го освоил и Купот, но како тренер на Спортинг и станал првиот стратег кој му донел трофеј на славниот клуб после 7 години. Тоа не го спречило претседателот на Лисабонците да го отпушти Силва и во исто време да го ангажира Хорхе Жезус (денес тренер на Бенфика).
За да го оправда отказот на Силва, Спортинг објавил документ на 400 страни на кој ги раскажал причините за отказот а една од нив била: Како тренерот не го носел официјалното клупско сако на натпревар од Купот.
Правец - Грција
Со Олимпијакос во првата сезона Марко Силва ја освои рекордната 43. титула (со 30 бода пред Панатинаикос) и направил неверојатна серија од 17 победи, а го совладал и Арсенал во Лигата на шампионите. Во Грција почнал интензивно да учи англиски јазик, а навивачите не сакале да замине од Олимпијакос.
Лет кон Островот и клупата на Хал Сити
Во 2017-та вонземјаните имаа две причини да се симнат на плоштадот Пикадили во Вестминстер: 1) Лестер стана шампион; 2) Марко Силва на првата прес-конференција барал новинарите да не го споредуваат со сонародникот Жозе Мурињо и карактеристиките на Специјалниот.
Во селскиот Котингем каде што се наоѓала тренинг базата на Хал Сити се одело по планот. За време на претставувањето новинарите го прашале Силва да се окарактеризира себе, да раскаже како се гледа себеси: „Како Марко Силва. Тоа е моето име“, им одговорил Португалецот.
Како млад и веќе успешен тренер, на Силва му било тешко да побегне од споредбите со Мурињо. Знаел за тоа, а знаел и Жозе.
Пред половина година Мурињо го прашале за младиот колега кој во мечот на животот го пречекувал Арсенал: „Тренерот на Олимпијакос е мој помлад другар. За Малиот ова е фантастичен пресвер. Искрено и јас би сакал Олимпијакос да го победи Арсенал“, рекол Мурињо.
Но и покрај очигледните сличности (’Почетокот ни е ист: пред Спортинг тој беше во малиот Ешторил, а јас бев во Леирија пред Порто’), Мурињо бил коректен:
„Во Португалија Силва е познат како еден од најдобрите млади тренери. Потоа замина во Грција и никој не е свесен како работел таму, дека освои титула а сега доби сериозен предизвик.“.
Иако му посака да победи на сите натпревари во Англија освен против него, Мурињо одигра три меча против Хал Сити на Марко Силва и победи само еднаш, еднаш загуби и еднаш ремизираше.
И покрај тоа што имаше тежок распоред во првите 10 меча на клупата: Манчестер Јунајтед (трипати), Челси, Ливерпул и Арсенал, Марко Силва успеа да го воздигне Хал во борбата за опстанок.
После 38 дена на клупата на Хал, Марко Силва има 4 победи 1 реми и 3 порази со 10 дадени и 10 примени гола. Во сабота му гостуваат на Арсенал во Лондон.