Еурофарм Пелистер го сруши проклетството во Лига на шампиони и тоа на неверојатен начин. Губеше со 3 гола разлика на нешто повеќе од 1 минута до крајот.
По регуларните 1:1 и вкупни 3:3, Спортинг го исфрли Арсенал од Лига Европа на пенали, а го постигна и голот на колото. Ремек делото е на 24 годишниот Педро кој го измами Арон Рамсдејл со скроз неочекуван волеј од 50 метри.
Ракометар на САД се истакна со идиотски потез во стилот на Суарез едно време и после црвениот картон, доби и син како дополнителна казна на Светското. Во Португалија пак на фудбалско дерби, судијата извади бел како еден вид награда. Од каде па сега ова?
Полуфиналето во португалскиот Куп донесе голема дерби пресметка која ја доби Порто со 1:2 и за која ќе има и реванш. Резултатот го отворија домаќините преку Шпанецот Пабло Сарабија кој го земаа на позајмица од ПСЖ. Едноставна, ама неочекувана комбинаторика.
Манчестер Сити стана прв клуб во историјата на ЛШ кој успеал во нокаут фаза да води со 4 гола разлика на полувреме. 0:5 славеа на крај, резултат по кој Спортинг нема што да бара на Етихад. За репитиција се головите на Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.
Не е ова оној славниот Паулињо од Коринтијас, што играше за Барселона и Тотенхем, туку друг од Спортинг. Среќа ја тепаа Санта Клара во португалскиот шампионат со 2:1, инаку ластици за ова се јадат. Срамотилаци.
Ќе речеш вторник, тенко е со фудбал, а тоа е голчишта на сите страни. На Барди и Ериксен друштво им прави 21 годишниот Педро Поро со удар по кој оправдано е ова драње на коментаторот.
Шпицот на младинците на Спортинг, Лоиде Аугусто (20) на атрактивен начин го израмни резултатот на дербито против Бенфика У23. Чудесија од ножички, многу тежок, надреален шут.
Прво што се работи за деца од основно, второ што едниве се Бенфика, а другиве Спортинг дополнително му тава тежина на фер плеј потегов од кој треба да учат нивните врници, па и постарите. Што се случи?
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се пласираше во финалето на Лига Купот во Португалија откако со Спортинг ја совлада Брага на пенали со 4:3. Пенал серијата почна ужасно со дури пет утки по првите три изведени серии. Промаши и неговиот колега Нани, а Рики шутираше претпоследен. Во финале ќе играат со Порто кој во другото полуфинале ја елиминираше Бенфика.
По храбрата и борбена игра, како и фантастичните голмански интервенции, но сето ова само во првиот дел, ракометарите на Металург го загубија првиот натпревар сезонава во Лига на шампиони. Тимот од Автокоманда падна во второ полувреме.
Фудбалерите на Спортинг ја загубија првата полуфинална пресметка во Купот на големото дерби против Порто, а една од најубавите прилики на средбата ја имаше Стефан Ристовски кој за малку ќе постигнеше голчиште против легендарниот Касиљас, кој изгледа како да ја допре со прсти.
Фудбалерите на Спортинг синоќа бркаа осминафинале на Камп Ноу, ама ниту победија, а ниту Јуве загуби во Атина. Тимот на Стефан Ристовски, кој инаку го одигра самиот првиот дел, имаше шанса за 1:1 која не се пропушта, ама на голот беше Јаспер Силесен кој сезонава нема настап во Ла Лига, а овој му е втор во ЛШ.
Манчестер со пресврт во една минута ја совлада ЦСКА Москва, понатаму одат и Базел, Рома и Јувентус. Стефан Ристовски одигра 45 минути против Барселона и на полувреме излезе од игра. Во ЛЕ: Спортинг Лисабон, ЦСКА, Атлетико и Селтик.
Португалскиот печат и навивачите на Спортинг се истурија од позитивни критики за дебито на Ристовски во ЛШ. Бекот на македонската репрезентација во вторникот истрчал 10 километри, а за тие што не го следеа мечот, сега можат да се уверат колку добро играл. Португалците направија видео само со него. Стефан се надминал себе си, Манџукиќ не мрдна.
По поразите од Монпеље на гости и Бешикташ дома, ракометарите на Металург стигнаа до првите бодови оваа сезона во елитното натпреварување. И покрај шпекулациите за неговото заминување, Лино Червар се врати од Загреб за мечот против Спортинг.
Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.
Одговорот е 1,8 милијарди евра за 16 години. Колачот се поделил вака. Од 2000 година Порто продал играчи за сума од 847 милиони евра, Бенфика за 572, а Спортинг за 206. Останатите 210 милиони евра ги броеле поситните риби. Најскапиот трансфер во португалскиот фудбал и натаму е оној на Хулк кој од Порто во Зенит пред 4 години замина за 60 милиони евра.
Во топ 16 фазата наредната година ќе ги гледаме Атлетико М, Јувентус, Реал М, Базел, Монако, Баер Л, Борусија Д, Арсенал, Баерн М, ПСЖ, Барселона, Челси, Порто и Шахтјор, а за уште две места вечерва ќе се борат пет екипи.