Драмата во Битола и голот на Атанасијевиќ вреден прв бод во ЛШ

Еурофарм Пелистер го сруши проклетството во Лига на шампиони и тоа на неверојатен начин. Губеше со 3 гола разлика на нешто повеќе од 1 минута до крајот.

На 75 секунди до крај Спортинг водеше 21:24, резултат по кој изгледаше дека сигурно ќе го добие гостувањето во Битола.

Но ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа машки и ги искористија грешките на гостите кои во вториот дел дури 12 минути (17-та до 29-та), беа без постигнат гол.

Радивојевиќ и Борзаш постигнаа два брзи гола, а Спортинг не успеа да се консолидира ниту со тајм аут кој го свика на 25 секунди до крај.

Повторно направија грешка, а Павле Атанасијевиќ во последниот напад се проби дрско како шило за конечни 24:24.

Со овој нерешен резултат битолчани ја прекинаа серијата од 17 порази во ЛШ и стигнаа до првите бодови на европска сцена после 2005-та.

Португалскиот првак Спортинг Лисабон дојде во Битола без пораз на 10 официјални средби оваа сезона.

Кузмановски, Пешевски и Радивојевиќ псотигнаа по 5 гола, а Митревски беше одличен на голот со 12 интервенции. 

Голот на Павле

Последните 75 секунди кои ги истакна ЕХФ

Хајлајтс

10 октомври 2024 - 09:01