Таг: рк еурофарм пелистер

Драмата во Битола и голот на Атанасијевиќ вреден прв бод во ЛШ

Еурофарм Пелистер го сруши проклетството во Лига на шампиони и тоа на неверојатен начин. Губеше со 3 гола разлика на нешто повеќе од 1 минута до крајот.

Во топ 5 голови во ЛШ има и битолска мајсторија

ЕХФ ја спакува листата на 5 најатрактивни погодоци од 2. коло во ЛШ. Две се од салата Боро Чурлевски. Шраубата на Усам Хосни од Еурофарм Пелистер е на позицијата број 4, а второто место е на Матијас Гидсел од Фуксе Берлин, кој се крена високо и испука прекрасен проектил.

Славјето на Еурофарм Пелистер со хитот „Ако одам во Битола“

Битолчани ја одбранија титулата во мак ракометот и стигнаа до број 8 од осамостојувањето на Македонија. Специјализираниот сајт за овој спорт, 24ракомет склопиле убаво видео од прославата со песната која грмеше на сите натпревари сезонава во салата Боро Чурлевски.

Трката за титулата меѓу Вардар и Пелистер, но и Охрид

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.

Еурофарм Пелистер и поразен на дербито доби пречек во Битола

Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.

Спектакуларниот финиш на голманот на Еурофарм кој им ја спушти завесата на вардарци

Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.

Двете голчишта на Карачиќ по кои влезе во клинч со Чкембари

Еурофарм Пелистер не може да пркне во силната група од ЛШ и во 6. коло го запиша шестиот пораз. Пречката се викаше Кјелце кој две сезони по ред игра финале. Битолчани се р`чнаа со познат Вардарец.

ПСЖ, Кил и Кјелце доаѓаат во Битола

Еурофарм Пелистер и Чкембари од есен ги чека голем, но и претежок ракометен празник. Извлечена е ждрепката за Лига на шампиони. Групата им е пеколна.

Шампионско видео за шампионот на Македонија

Се спојуваа две екипи во една, вложија многу труд, инвестираа, менуваа многу тренери и играчи и на крај создадоа добар ростер кој ќе го израдува ракометниот град. Битолчани ја заслужија оваа голема радост. Нека им е честито титулата и пласманот во Лига на шампиони.

Битола е во транс, шампионите пречекани на Широк сокак

По пауза од 18 години, Еурофарм Пелистер и официјално е ракометен шампион на Македонија. Славеа 28:25 на гости против Охрид, а Вардарци неочекувано кикснаа против Тиквеш во Кавадарци 32:32. Тоа значи дека битолчани по завршувањето на претпоследното коло и математички ја обезбедија титулата, која им носи директен пласман во ЛШ. Во Битола синоќа имаше големо славје. Навивачите ги пречекаа ракометарите кои пристигнаа пред полноќ.

Вардар два меча без публика

РФМ ги изрече казните за хаосот кој настана на големото дерби. Со оглед на тоа што го видовме, куртулија сите.

РК Вардар: Инцидентот настана по влегувањето на Чкембари, а Еурофарм Пелистер да плати оштета за соблекувалната

Вардарци на Фејсбук го објавија цело соопштение кое го пуштиле до РФМ, откако тоа го сторија и Битолчани. Објаснуваат детално како се договарале за безбедноста во салата и посочуваат кој каде потфрлил.

Битолчани скршиле врата за да избегаат во соблекувална

На социјалните мрежи кружи видео потпишано од данскиот ракометар Себастијан Хенеберг на кое се гледа како тренерот Александар Јовиќ и играчите на Еурофарм Пелистер бегаат во соблекувална. Видеото е веројатно направено од моментот кога мечот беше во прекин поради инцидентите на терен и трибини.

Жестокото дерби донесе и неколку убави гестови на Комити и Чкембари

Лошо почна најголемото македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во кое за среќа немаше повредени, ама и покрај хаосот забележани се фини примери како дел од навивачкиот кодекс, кои не ги прави секој.

Врвна првомајска шега на Чкембари и Столе

Ајде сега барем за момент да ги ставиме на пауза ривалството, паролите, скандирањата, инцидентите, трката за титулата. Тргнете се да поминат Столе Стоилов и Чкембарите.

Вардар 1961 декларисан од Еурофарм Пелистер во Суперкупот, Столе доби црвен картон

Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.