Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди казните за мечот Вардар - Еурофарм Пелистер, две недели по одигрувањето.
Со оглед на неубавите сцени на кои имаше навивачко дивеење, фрлање бакљи во публика, влетување на терен, погоден голман со паричка и сл, казните се смешни.
Актуелниот првак на Македонија како домаќин доби казна да игра за затворени врати во следните две кола, што значи против Охрид и Еурофарм Пелистер 2 ќе нема навивачка поддршка.
Втора казна е парична и се однесува на двата клуба кои ќе мора да платат по 150.000 денари.