Вардар имал неколку состаноци со Комити на кои им се заблагодаруваат што ги послушале да не внесуваат пиротехника на трибините, но им замеруваат за фрлањето на паричките.
Со МВР имале вкупно шест состаноци и сметаат дека требале подетално да ги претресуваат гостинските навивачи, посебно откако се слушнале петарди пред да влезат во сала.
Во објаснувањето велат дека инцидентите почнале откако Чкембари влегле во сала и дека без нив немале ни да се случат. Плус посочуваат дека од управата на Еурофарм Пелистер имало најава за 350, а не 500-600 навивачи.
Од битолскиот клуб бараат да ја покријат штетата од гардеробата каде утврдиле скршени врати, чешми и сл.
Сите вклучени страни не си ја завршија работата, сметаат Вардарци.
Како претходно битолчани се огласија до РФМ за инцидентот.
Како почнаа инцидентите на ракометното дерби?
Кога не си умен ќе јадеш ќотек од Столе
Битолчани скршиле врата за да избегаат во соблекувална
Жестокото дерби донесе и неколку убави гестови на Комити и Чкембари