Таг: рк вардар 1961

Вардар со поезија на Ацо Шопов им кажа благодарам на навивачите

„Нашата најголема сила. Ви благодариме за прекрасната атмосфера. Заедно во пораз и победа. Благодарност до „Aco Šopov Poesis“ за отстапениот материјал и за поддршката. Од Вруток до уток”, стои во објавата на црвено црните.

Само двократен европски првак може вака да биде испратен и после пораз

Се врати Лигата на шампиони во Скопје, се вратија лекциите по навивање на Комити кои и после поразот од Нант во последните секунди, не ги пуштија играчите да одат во соблекувална.

Последната минута од драмата во Јане

Ракометарите на Вардар имаа големи шанси за реми, па и за победа против Нант во 2. коло од ЛШ. Но еден од најдобрите поединци на мечот, Јака Малус промаши два зицери во последната минута. Првиот за водство, а вториот за нерешено. Гостите преку седмерец го решија мечот.

Трета епизода од серијалот: „Љубовта наша голема“

По пауза од четири години, РК Вардар прави кам бек во Лига на шампиони. Вечерва од 18:45 во 2. коло од новата сезона, во Јане Сандански гостува Нант. Вардарци со ново видео по повод документарец кој го најавија за 65. роденден.

Парондо подобар од Чупиќ

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

Најава за серијалот „Љубовта наша голема“

Вардарци за крајот на оваа година најави документарец по повод 65. роденден, посветен на сите генерации кои го граделе и бранеле неговото име, на легендите, играчите, тренерите и навивачите кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот. Открија мал дел од првата епизода во која гостува верниот навивач Александар Узуновски - Узун.

Вардарци ги избегнаа гигантите во Лига на шампиони

Во седиштето во Виена, ЕХФ ги извлече групите за новата сезона од Лигата на шампионите каде се враќа и нашиот првак Вардар.

„We are the champions“ ечеше во Јане Сандански

По пауза од три години, РК Вардар го крена првенствениот пехар, број 17 во нивната историја. Во последното коло, во доста ефикасен натпревар се помачи против Бутел кој го доби со 36:34.

Убав гест на Охриѓани, шампионот го пречеквит со шпалир

Клупскиот ракомет оди напред во Македонија и создава четворка која допрва очекуваме да носи квалитет, неизвесност и возбуда. Еурофарм Пелистер лани беше првак, а сега Вардар. Алкалоид е актуелен освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ, а годинава таму финале обезбеди Охрид кој за трофејот ќе се бори со Татабања. Кој вели дека имат анимозитет меѓу охриѓани и скопјанишчана? Класа потег направија во чест на тазе шампионот. Браво.

Вардарци направија роденденска фешта заедно со старите легенди

Вардар го доби Алкалоид со 30-27 и сега е на само еден бод до титулата во Суперлигата. „Црвено-црните“ ги собраа своите легенди во салата „Јане Сандански“ по повод 65. роденден, а ракометарите настапија во специјални ретро дресови.

РК Вардар се спрема за роденденска фешта по повод 65 години

Вардарци во четврток против Алкалоид ќе настапат со ретро дресови, специјално дизајнирани за мечот од 6.коло во плејофот кој е закажан за 18 часот. Час и половина претходно ќе има фан зона. За 65-от роденден, клубот најавува и документарец.

Донирај дрес од Вардар и стани дел од историјата на клубот

РК Вардар почнува со интересна иницијатива. Ќе создава нова трофејна соба во реновираната сала Расадник со помош на навивачите. Во замена за дониран стар дрес ќе дава нов, како и сезонски билет и уште неколку привилегии.

Лудо славје на Комити и вардарци среде Германија

Вардар го растури бундеслигашот Мелсунген со 34:25, а тоа значи прва позиција во групата и директен пласман во Европската лига, каде ќе се сретне со подобриот од плејоф дуелот меѓу Монпелје и Елверум. Градот Касел виде како Македонците ги слават ракометните победи.

Германците воодушевени, аплаудираа на атмосферата во Јане

Вардар го доби бундеслигаш Мелсунген со 37:33 во натпревар од главната групна фаза во Европската лига. Гостинските ракометари по сè изгледа беа сведоци на една од најубавите атмосфери видени на ракометен меч. Останаа во сала после поразот и им аплаудираа на Комитите.

Набојот на дербито Пелистер - Вардар низ германски објектив

Го паметите Фин Ватчов така? Германецот кој ужива што живее во Македонија, зборува македонски и растура на социјални мрежи со видеа. Една од пасиите му е да пренесува атмосфера од натпревари и тоа го прави со голема жар. Најголемото ракометно дерби, го претставува како најлудо и најопасно во свет.

Мангупски одговор на навивачите на Вардар до Чкембари

Навивачите на Еурофарм Пелистер по теркот на многу навивачки групи, со огномет им го рушеа сонот на ракометарите на Вардар, кои заминаа во Битола со спиење пред дербито. Арно ама, тонч:

Инцидентот кој го одбележа дербито меѓу Вардар и Пелистер

Тешко да помине скопско - битолската средба мирно, без тензии, набој и инциденти. Чкембари само што влегоа во гостинскиот сектор, почнаа да дивеат. Еден од нив веднаш се стрча да се прекачува накај домашната публика, а друг им фрли факел. Опасно по живот е ова дечки. Плус деца имаше во тој дел.

Еуфоричното славје на Комити и вардарци

Ракометарите на Вардар ја прекинаа лошата серија од четири порази во вечното дерби против Еурофарм Пелистер. Славеа 31:28 во 5. коло од Супер лигата. На крајот следуваше фешта на навивачите и играчите кои во еден глас ја згрмија „Само ти и никој друг“.

Моќна промоција на новиот дрес на РК Вардар

Вардар се потрудил за промоцијата на новиот дрес кој ќе го користат во следните две сезони. Го промовираат во година во која слават 65 години од своето постоење, со убави кадри од скопското кале, моќна музика и вклученост на бивши и сегашни играчи.

А тек па во соблекувалната на Вардар да видите што било

Вардарци го добија вечното дерби над Еурофарм Пелистер со бомба на Украинецот Дмитри Хориха, кој ја распали од 10 метри во последните мигови од мечот. Се тресеше гостинската соблекувална во салата Боро Чулевски.

Победничко селфи на Вардарци со Комити

Ракометарите на Вардар ја остварија најслатата победа на сезоната, со проектил во последна секунда и тоа над најголемиот ривал Еурофарм Пелистер на гости. Сега се во поволна ситуација во битката за титулата и на реваншот во Јане Сандански им е доволно и реми. Славенечкиот момент во Боро Чурлевски, ракометарите го овековечија со своите најверни навивачи.

Како изгледа шутот на новото украинско засилување на Вардар?

26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.

Херојската одбрана на 19 годишниот Галевски вредна историско финале за Алкалоид

Вардар и Алкалоид одиграа драматично и неизвесно полуфинале во Купот на Македонија. За влакно не гледавме седмерди.

Трката за титулата меѓу Вардар и Пелистер, но и Охрид

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.