Прва епизода од серијалот „Љубовта наша голема“, посветен на нашите верни навивачи кои се нераскинлив дел од клубот веќе цели 65 години, а кои во пресрет на новата сезона ќе споделат дел од моментите и спомените поминати со клубот.
Прв гостин е Александар Узуновски - Узун, долгогодишен навивач кој се истакнува со својата редовност, поддршка и емоција со која го бодри Вардар на натпреварите. Ни претставува чест како клуб, овој серијал да го започнеме токму со него и неговите сеќавања поврзани со Вардар.
Вардар е наш заеднички, клуб кој заедно го градиме, приказна која заедно ја пишуваме, затоа сметаме дека во пресрет на сезоната во која не очекуваат многу битки е важно да се слушнат приказните и ставот на оние кои секогаш и безрезервно ни ја дават својата поддршка.
Во пораз и победа, за љубовта наша голема!