Парондо подобар од Чупиќ

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

За Вардар ова беше кам бек во елитата по пауза од четири сезони. Мелсунген, за првпат настапува во ЛШ, откако минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, што е најголем успех во историјата на германскиот клуб.

Момците на Чупиќ одиграа добар и борбен натпревар кој го загубија тесно со 33:31, а на неколку минути до крајот имаа и напад за израмнување, кој Јанковски не успеа да го реализира.

Мелсунген ја одржуваше предноста која најчесто изнесуваше 2-3 гола, но Вардар не се предаваше и не дозволуваше противникот да се одлепи со поголема разлика.

Неизвесно беше и во првите 30 минути од средбата. На пауза се замина со резултат 16:15 во корист на домашниот тим.

Иван Чупиќ имаше проблеми со составот уште пред почетокот. Поради суспензија не настапи Митровиќ, додека во Скопје останаа и Милан Лазаревски и Бразилецот Да Силва.

Воркапиќ беше најефикасен кај Вардар со 9 гола, Љевар постигна 7, а Абделхак 5. Кај Мелсунген, Дростен и Гола постигнаа по 5 погодоци.

Во второ коло, Вардар е домаќин на Нант.

Поранешниот вардарец Криштопанс даде само еден гол и тоа дури во 54 минута.

10 септември 2026 - 22:26