Никаде во Европа нема ваква атмосфера на ракомет

Малку е да се каже дека ова е најголемо ракометно дерби во Македонија. Вардар и Пелистер, заедно ао армијата навивачи се нешто многу поголемо. Набојот се чувствува цела една недела пред стартот.

Во преполниот Јане Сандански Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со резултат 31:23 (15:12). Леон Љевар со 7 гола и Мигел де Силва со 6 гола беа најдобри поединци во победничкиот тим.

Прв стрелец кај гостинот и воопшто на натпреварот беше Филип Кузмановски со 9 гола. Најголемата помош ја доби од Жарко Пешевски со 4 гола.

Иван Чупиќ го надмудри својот довчерашен селектор во нивната прва хрватска пресметка на македонско тло.

Со овој триумф во 9. коло, Вардар останува единствената екипа со 9 од 9 натпревари и е лидер во Суперлигата, додека за Еурофарм Пелистер ова беше прв сезонски пораз.

Гледајте и уживајте во неделниот ракометен празник.

2 ноември 2026 - 08:48