Таг: еурофарм пелистер

ЕХФ: Едноставно само Никола Митревски

Еурофарм Пелистер го разби малерот после 20 натпревари во ЛШ или поточно 14 порази лани и 5 порази и едно реми оваа сезона. Ја совлада Фредериција на гости со 23:25, а Никола Митревски ги спобудале Данците со фантастични 15 интервенции од кои 9 во првиот дел. ЕХФ издвои една од пенал, а објави и видео од големото славје на Битолчани.

Атракција на Еурофарм Пелистер влезе во топ 5 голови на колото во ЛШ

Македонскиот претставник во ЛШ го врати на клупата Ѕвонко Шундовски, но не успеа да ги израдува навивачите и го запиша петтиот пораз на шестиот натпревар во елитата. Веспрем победи 23:30, а како утеха, ЕХФ го препозна прекрасениот цепелин на битолскиот тим и го смести меѓу најатрактивните погодоци на колото. Асистираше Словевецот Цехте, а стрелец беше Србинот Борзаш.

Судиски грабеж во ЛШ, на Еурофарм Пелистер не му беше признат чист гол во финишот

Еурофарм Пелистер го бележи и осмиот пораз во Лига на шампиони, овој пат од ПИК Сегед, тесно со 27:28. Но судиите направија сериозна грешка, која можеше директно да влијае на конечниот резултат. На само 3 и нешто минути до крајот, на Урош Борзаш не му признаа чист гол при резултат 25:26. На видеото јасно се гледа дека цела топка влезе по гол, а потоа излезе.

Битолско славје пуштено на најјако, Јовиќ и Шундовски со бакљи

Вардар синоќа падна на дербито во салата Боро Чурлевски со 3 гола разлика, што значи дека титулата по долга пауза од 18 години е на дофат кај Еурофарм Пелистер кој е прв на табела. За официјално да ја освојат им преостанува во последните две кола да ги совладаат Охрид и Тиквеш. Битолчани веќе слават, а во први редови со навивачите беа и тренерите Звонко Шундовски и Александар Јовиќ.

Јапонски синдром во Еурофарм Пелистер

Македонскиот претставник во Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер го совлада Мотор Запорожје на неутрален терен со 30:33. Битолчани ја направија соблекувалната пиц пец, ливче да нема.

„Ако одам во Битола“ згрми во Боро Чурлевски

Еурофарм Пелистер испиша нова ракометна историја откако за прв избори пласман во Фајнфор завршницата од СЕХА лигата. Битолчани беа сведоци на драматичен натпревар против Мешков Брест, кој беше решен на пенали. Клучниот потег на мечот го направи Словенецот Урбан Лејсак со херојска одбрана.

Гробари во Белград: Јужна Србија, никогаш Македонија

Еурофарм Пелистер го совлада Партизан во СЕХА лигата со 25:23, а најголеми лузери на мечот беа домашните навивачи со непотребно и глупаво скандирање, без претходна провокација од страна на Чкембари.

Еурофарм Пелистер ја комплетираше хуманитарната акција од дербито со Вардар

Тоа што изгледаше на преубав гест во стилот на многу фудбалски клубови од Германија, Холандија и Шпанија, битолчани успешно го истуркаа до крај и изненадија многу дечиња во четири институции.

Еурофарм Пелистер ги кани Битолчани во фан зона

Новата сезона во Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер реши да ја отвори со нова убава приказна која се надева дека ќе прерасне во традиција. Отворија фан зона која ја сефтосаа пред мечот со Ним, а сега ја најавуваат и за следниот меч против Татабања закажан на 23 ноември. Целта е дружење и забава пред натпреварите.

Столе - Чкембари 1:1

Македонскиот ракомет дефинитивно ќе има многу интересна сезона. Она што неколку години фалеше на домашна сцена е неколку израмнети тимови по квалитет. Доказ за тоа е и високиот пораз на Вардар од Еурофарм Пелистер кој се остри за титулата заедно со сериозно засилениот Металург.