Новата сезона во Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер реши да ја отвори со нова убава приказна која се надева дека ќе прерасне во традиција. Отворија фан зона која ја сефтосаа пред мечот со Ним, а сега ја најавуваат и за следниот меч против Татабања закажан на 23 ноември. Целта е дружење и забава пред натпреварите.