Битолско славје пуштено на најјако, Јовиќ и Шундовски со бакљи

Вардар синоќа падна на дербито во салата Боро Чурлевски со 3 гола разлика, што значи дека титулата по долга пауза од 18 години е на дофат кај Еурофарм Пелистер кој е прв на табела. За официјално да ја освојат им преостанува во последните две кола да ги совладаат Охрид и Тиквеш. Битолчани веќе слават, а во први редови со навивачите беа и тренерите Звонко Шундовски и Александар Јовиќ.